www.plusinfo.mk неовластено објавува туѓи фотографии
Published недела, јули 29, 2012 by
Chkrap! | E-mail this post
Порталот
Плус Инфо неовластено објавува фотографии без дозвола од авторот и без да го наведе изворот!
Денес, на 28 јули 2012 година во Тетово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден велосипедист. До кратката вест за настанот, на порталот Плус Инфо е објавена фотографија на која се гледа дел од улицата Благоја Тоска каде што се случила несреќата. Автор на фотографијата е Драги Неделчевски. Таа фотографија е постирана на неговиот
Фејсбук профил пред повеќе од една година. фотографијата (како дел од авторска колекција за тетовска разгледница) нема врска со трагичниот настан со кој е поврзана на порталот, и на тој начин на авторот му нанесува дополнителна штета. А посетителите на порталот ги доведува во заблуда.
Авторот на фотографијата не е Дон Кихот и нема да го тужи дрскиот портал за неовластено објавување туѓи фотографии без дозвола, или барем без наведување на авторот и изворот.
Текстов и фотографиите како доказ за ваквото бедно копи-пејст новинарство го постираме на блогов на Chkrap! да остане пишан доказ за таквото однесување и можеби да послужи како повод, конечно, и во Македонија да се поразговара за
авторските права, за неовластеното објавување туѓи фотографии надвор од контекстот на објавената вест, ненаведување на авторот или барем изворот од каде е „мавната“ фотографијата...
Во меѓувреме направивме мало истражување и откривме дека фотографијата е преземена од блогот на Фотокино клубот ТЕТОВО, најверојатно со пребарувачот Гугл, а на фотографијата јасно се гледа знакот за копирајт и името на авторот.
Се надеваме дека овие докази се доволни и дека сопствениците на порталот Инфо Плус соодветно ќе реагираат, во интерес на авторот на фотографијата и почитувањето на авторските права воопшто.
© Chkrap! * 2012
0 Responses to “www.plusinfo.mk неовластено објавува туѓи фотографии”
Leave a Reply