Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ФОТОГРАФИЈАТА ПРЕД ДАГЕР


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...






Почитувани пријатели,

На 26. мај 2012 (сабота) со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија, ве покануваме на предавање на тема „Фотографијата пред Дагер“ кое ќе го одржи проф. др. Душан Стулик од Институтот за конзервација ГЕТИ од Лос Анџелес - САД.
Многу историчари на уметност кои ја обработуваат фотографијата, почетокот на фотографијата го сместуваат во 1839 година, кога Луј Манде Дагер го обзнани пронаоѓањето на дагеротипијата. Иако Дагер ја има заслугата за пронаоѓање на првиот комерцијално успешен фотографски процес, тој не може да се поврзе со првата идеја за фотографија ниту пак со првата фотографска слика.

Со ова предавање професор Стулик ќе се осврне на предисторијата на фотографијата, оценувајќи го притоа придонесот на оние научници и филозофи кои со својата работа го овозможиле создавањето на овој медиум. Посебен акцент ќе биде ставен на работата на Жозеф Нисефор Ниепс како творец на првата сочувана фотографија во светот. Истовремено, со предавањето ќе биде опфатено и последното истражување на Институтот за конзервација ГЕТИ, со кое се откриени многу значајни факти за работата на Ниепс и Дагер, факти кои го менуваат нашето поимање на историјата на фотографијата.

Ве очекуваме.
Поздрав,
МЦФ

© Chkrap!*2012

Links to this post:

<\$BlogItemBacklinkCreate\$>


0 Responses to “ФОТОГРАФИЈАТА ПРЕД ДАГЕР”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!