Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Иван Блажев - Помеѓу светлината и сенките

0 comments

Драги пријатели и колеги,

Би сакал да ве поканам на мојата најнова самостојна фотографска изложба со наслов „Помеѓу светлината и сенките“ која ќе биде отворена во Понеделник на 27.08 во 20 ч. во Мала станица. Изложбата е во рамките на проектот Креативни индистрии на Министерството за култура.



Фотографиите се снимени во рамките на Скопската модна недела во период од 5 години, 2002 – 2007, но инспирацијата не е во најновите модни трендови туку во сензацијата да се биде помеѓу публиката и идејата да се прикажат учесниците во интимните моменти на подготовки, концентрација, еуфорија и досада, мешавина на емоции пред и по излегувањето на пистата.
Фотографиите претставуваат обид да се изолира настанот од контекстот на простор и време и да се фотографира модна ревија на поинаков начин. Помеѓу светлината и сенките е докуметарен фото есеј кој се обидува да ја улови сензацијата која постои под површината.

Иван Блажев е роден 1974 година во Скопје. Дипломирал на Бруклинскиот Колеџ при Градскиот Универзитет на Њујорк на отсекот за филмска режија и камера, а магистрира на Академијата за уметности во Нови Сад на отсекот за фотографија. Автор е на повеќе самостојни изложби, како и учесник на групни изложби во Македонија и надвор. Ги има објавено книгите со фотографии, Блесоци (2004), Македонија сонувајќи (2007), Скопје со очи широко отворени (2008), Исток (групна монографија, 2008) и Лицата на невидливиот град. Доцент е на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет каде што предава фотографија и мултимедија.

© Chkrap! * 2012


Прва клубска изложба на ФКК БИТОЛА

0 comments



Почитувани,

Со задоволство Ви ја претставуваме и Ве покануваме на нашата прва клубска изложба на Фото Кино Клуб Битола, кој е регистриран во почетокот на 2012 година и произлезе од долгогодишната желба на неговите членови за организирано делување на полето на фотографијата, кои години наназад работеа како самостојно така и заеднички во мали неформални групи. Денес Фото Кино Клуб Битола брои триесет членови фотографи аматери и професионални фотографи од кои повеќето со солидно излагачко искуство на групни и самостојни изложби. ФКК Битола преку своите членови е присутен на сите значајни државни и меѓународни изложби, конкурси и фестивали, а со оваа групна клубска изложба на слободна тема за прв пат се претставува пред битолската публика.

Свеченото отворање е закажано во 20.00 часот на 20-ти август (понеделник), во фоајето на Центарот за култура во Битола.

Повелете!

Ете, тоа е званичната покана за изложбата. Незванично да Ви кажам дека јас ќе одам на изложбата во Битола. Повеќето членови на клубот и лично ги познавам, а колку можам ја следам и нивната работа. Се работи за „расни“ фотографи. Вреди да се види!

Еве како беше во Битола!































© Chkrap! * 2012


Countdown - PHOTOMEDIA 2012

0 comments


"Island" © D.Nedelchevski*2012

Драги пријатели, фотографи. Како што многумина од вас знаат, Фотомедиа не е само уште една изложба. Фотомедиа низ годините растеше за да се етаблира во познато име меѓу цунамито на дигитални натпревари, како една од ретките изложби каде се праќаат принтови. Изложба каде што се цени авторството а жирито комуницира во живо. Затоа на Фотомедиа пристигнуваат некои од најдобрите дела за дадениот период, од сите делови на светот. Каталогот на Фотомедиа е оценет од ФИАП со високи пет ѕвезди, сместувајќи ја Фотомедиа помеѓу само петнаесетина такви во светот.

Пропозици тука.

Извор: Фото сојуз на Македонија.

P.S. Фотографијава од најава нека не Ве излаже. Мала анализа на каталозите од Фотомедиа ќе Ви покаже дека апстракциите, па уште во боја, најчесто не врват кај жирито. Црно-бели фотографии, човек, простор, црвен филтер, тешко небо и Вашата фотографија има шанси да биде примена на Фотомедиа... (ха, ха, мала шега).

Добро светло Ви посакува,
© Chkrap! * 2012


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!