Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ФОТОМЕДИА 2010

0 comments



ФОТОМЕДИА 2010
12. Меѓународна изложба на фотографска уметност


© Давор Спасоски - “Од сончко до месечко“

Секој што има и најмали допирни точки со фотографијата, знае што е ФОТОМЕДИА.
Најголемата фотографска манифестација од меѓународен карактер во Македонија, своето 12-то продолжение на почитувачите на фотографијата им ги отвори вратите на 12 ноември 2010 година, годинава во Галеријата во Мала станица, НГМ.

Ова подолу е мое лично доживување (видување) на годинешнава ФОТОМЕДИА. Како такво, тоа е субјективно и не треба да се зема здраво за готово. Веројатно секој посетител ФОТОМЕДИА ја доживеал различно...

Еве, вака:

IN:
• Најзначјна фотографска манифестација во Република Македонија
• Голем труд вложен од страна на организаторите (Елема, ФСМ...)
• Квалитетен каталог од изложбата
• Дузина навистина прекрасни фотографии
• Солидна медиумска покриеност на настанот
• Добра посетеност на отворањето на изложбата
• Добро вино

OUT:
• Чувство на Déjà Vu
• Недостиг на свежи фотографски идеи (ова можеби зависи од жирито или од примениот материјал за изложбата)
• Тренд ли е, што ли е? – многу прекумерно процесирани фотографии
• Лош потег со изборот на (прегласната) музика за време на изложбата (момците се ОК, но не им беше место во 20.00 на 12.11.2010 во МС)
• Катастрофално осветлување на фотографиите и просторот
• Немаше грицки































Драги Неделчевски © Chkrap! * 2010


КУРС ЗА СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА

0 comments



КУРС ЗА СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА
Снимање предмети - мртва природа
(напредно ниво)

Место:Македонски центар за фотографија
Времетраење: 25–28ноември 2010 (четврток–недела)

Цел:Курсот има за цел да им овозможи на учесниците стекнување на продлабочени знаења и вештини за студиска фотографија (table top) преку обработка на теоретски содржини и практични вежби
Обучувач:Роберт Јанкулоски

Цена:6800 денари (во цената се вклучени 20 работни часа, трошоци за материјали и опрема за работа во студио, групна изложба)
Услови за пријавување: Самостојно ракување со дигитален фото апарат

Рок за пријавување: 19 ноември 2010
Контакт:Лидија Пајевиќ, 071 309 993

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

25.11.2010 (четврток) 19:00–22:00 3h
Теоретски дел: историски преглед на третирање на мртва природа во сликарството и старата фотографија; проблеми со осветлувањето и анализа на ликовни дела од историјата на сликарството и фотографијата; мртвата природа во современата фотографија. Во оваа сесија слушателите ги осознаваат теоретските принципи на композиција и на осветлување на различни материјали.

26.11.2010 (петок) 17:00 – 22:00 5h
Практичен дел: местење композиција, осветлување и снимање на мртва природа со средноформатни камери (Mamiya RB 67; Hasselblad 500CM, B&W) и со професионално флеш светло (Elinchrom) како и различни додатоци. Ќе се фотографираат предмети од стакло, метал, порцелан и сл. Во оваа сесија учесниците ќе осознаат како практично да ги применат теоретските содржини од предходниот ден.

27.11.2010 (сабота) 10:00–13:00 18:00–22:00 7h
Практичен дел: индивидуална и групна работа; слушателите сами местат композиција и светло во консултација со предавачот; се снима со дигитални камери Canon 5D / Canon 5D Mark II. Во овие сесии учесниците целосно ќе ги реализираат сопствените идеи и може да понесат реквизити кои што сакаат да ги снимаат.

28.11.2010 (недела) 09:00–14:00 5h
Анализа на снимениот материјал, избор на фотографии за изложбата која се организира по завршување на курсот. Можно е дополнително снимање во овој термин доколку се појави потреба за истото.

Сите учесници добиваат сертификат за учество на курсот.

Кратка биографија за обучувачот

Роберт Јанкулоски (роден 1969) има дипломирано на Факултетот за драмски уметности во Скопје (катедра за камера). Основач е на Македонскиот центар за фотографија. Предава фотографија на неколку програми во Македонија. Има одржано 23 самостојни изложби во Македонија, Франција, Бугарија, Австрија, Србија, Германија, Турција и Полска. Учествувал на многу групни изложби вклучувајќи ги Манифеста 1 – Европско биенале на современи уметности во Ротердам, 1996 и Context Europe (Импулс од Балкан) во Лион, 2003. Добитник е на повеќе награди за фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.
___________________________________________________________












Македонски центар за фотографија
ул. Железничка 18 (Мала станица)
Тел. 071 309993
e-mail. makcentarfoto@gmail.com

© Chkrap! * 2010


Wedding Photography

0 comments

Во Македонија се почесто има “свадбарски фотографи“ кои сега се "wedding photographers". Се почесто среќавам (по форумите и на фејсбук), фотографии од венчавки и свадби кои се правени по “западен“ терк. Весели млади во парк, покрај некој олдтајмер, тој ја чека, неа ја нема да дојде, а кога ќе дојде - страстен бакнеж. Младата невеста во сфумато, пардон, во “soft“...

Но, еве еден друг пристап на свадбарската фотографија, документарен, животен, фотографија што го соголува нашиот менталитет до гола кожа, а тоа го прави директно, со јасна порака... а фотографот пренесува и дел од своите искуства когa бил свадбарски фотограф...



"Вечерва бев на свадба. Таму ја снимив оваа фотографија. Едно време фотографирав свадби. На свадба, нормално, има музика и “музиканти“. Тие и тогаш се полнеа со пари (уште на самиот ивент), а ние, фотографите исто така напорно работевме, но не се сеќавам дека некој сват на некој си фотограф на свадба му залепил пари на ...чело затоа што овој го фотографирал! А музикантите, “мајка им подеруваа(т) “ на сватовите!... И кога ти, како фотограф утредента ќе се појавиш со куп фотографии и бараш тоа да се плати (според договорот) - те дочекува намуртената фаца на свекорот кој тукушто се освестил од мамурлакот и видел колку пари им испозалепил на музикантите вчера, и само што не те пратил у п.м.... Тежок живот беше тоа. Брррррр. Никогаш повеќе!"

© Chkrap! * 2010


Танцот во фотографијата - изложба на фотографии

0 comments



Одлична изложба!

© Chkrap! * 2010


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!