Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Летна фото школа - ,,Маврово - 2010“


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





Македонскиот центар за фотографија

Ве поканува на

ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА

П Е Ј З А Ж


16 – 22 јули 2010 во х. Алпина, Маврово

Предавачи: Румен Ќамилов и Роберт Јанкулоски

______________________________________

Летната школа е дел од проектот Поинаков поглед кој е поддржан од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан

Летната школа е наменета эа сите љубители на фотографијата кои самостојно користат фотографска камера. Во рамките на летната школа ќе бидат организирани работилници кои предвидуваат тематски предавања эа пејзажна фотографија и эа техники на снимање, како и практична работа. Практичната работа ќе биде поделена на два дела: снимање (иэбор на мотив, светло, компоэиција) и обработка и аналиэа на снимениот материјал. Заради иэбор на повеќе мотиви при снимањето, во рамките на школата ќе се органиэираат екскурэии во околните места. На крајот на школата ќе биде организирана изложба на најуспешните фотографии. Напоменуваме дека секој слушател треба да поседува сопствен дигитален фотоапарат.

Цена: 15 500,00 денари.

Во цената е вклучено: шест полни пансиони во х. Алпина (4*), тематска обука, фото материјали и опрема за обработка на фотографии, иэработка на фотографии эа иэложба и работни екскурэии. Во цената не се вклучени трошоците эа транспорт од местото на живеење до Маврово.

Рокот эа пријавување е 09.07.2009 (петок). За пријавување и подетални информации јавете се на тел. 071 309 993 или 070 231 055.

Во продолжение Ви доставуваме кратка информација за секој од обучувачите.

Румен Ќамилов е еден од најафирмираните македонски фотографи, кој професионално се эанимава со фотографија повеќе од 35 години. Потребата да ги прикаже убавините на Македонија и студиоэноста со која приоѓа при снимање на пејсажите, направиле да биде поэнат и надвор од Македонија. Особено е интересно неговото искуство како фотограф на македонската алпинистучка експедиција на Хималаите. Бил долгогодишен предавач по предметот фотографија на Факултетот эа ликовни уметности во Скопје. Автор е на многу фотографски проекти од кои ги иэдвојуваме само оние посветени на пејзажната фотографија: Франција (Париэ 1999 Fenetre ouvert sur Macedonie), Лисабон (1998 EXPO), Проект "Magic lights of Macedonia", Проекти эа Скопје "City of seven gates", "City to be discovered".


Роберт Јанкулоски е фотограф и директор на Македонскиот центар эа фотографија. Предава фотографија на неколку програми во Република Македонија. Има одржано 18 самостојни иэложби во Македонија, Бугарија, Австрија и Србија. Учествувал на многу групни иэложби вклучувајќи ги Манифеста 1 - Европско биенале на современи уметности во Ротердам 1996, Context Europe (Импулс од Балкан) во Лион, 2003. Добитник е на повеќе награди эа фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.






© Chkrap! * 2010

Links to this post:

<\$BlogItemBacklinkCreate\$>


0 Responses to “Летна фото школа - ,,Маврово - 2010“”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!