Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Нов сајт на Фото Сојуз на Македонија


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





Конечно, и Фото Сојузот на Македонија има свој сајт на интернет.
Повеќе детали за тоа во текстот доставен од Редакцијата на сајтот.
Адресата е http://www.fotosojuz.mk/


,,Фотографијата на тлото на Македонија е присутна повеќе од 150 години. Во таа долга историја, за жал, фотографијата беше запоставена и потценета.

Фото Сојузот на Македонија, со својот шест децениски ангажман, успеа да ја афирмира фотографијата во Македонија, и македонската фотографија надвор од Македонија, да ги анимира сите автори и почитувачи на овој медиум, во континуитет да работаат на афирмирање на овој вид творештво, на афирмација на авторската и клубската работа.

Со овој ангажман фотографијата денес стана рамноправен медиум со другите уметнички дисциплини, дел од културното творештво и културното милје кај нас, испитен предмет на нашите универзитети и изложбен експонат во нашите галерии.
Фото Сојузот на Македонија следејќи ги современите трендови на комуникација, отвори свој веб сајт: www.fotosojuz.mk, со цел да ја презентира македонската фотографија, македонските клубови и автори, да ги отвори службените и приватните архиви и колекции, и за прв пат во целосна форма да ја доближи македонската фотографија до Вас.

Но, ова е голема обврска. Ентузијастите во Фото Сојузот се свесни дека ваков обимен зафат може да се направи само со заедничко работење на сите оние кои ја сакаат и почитуваат фотографијата. Градењето на овој сајт е отворен процес за сите оние кои имаат желба и можност да помогнат, а тоа е во интерес на унапредувањето на македонската фотографија.

Скопје, мај 2010
Редакција на сајтот"*

Chkrap!*2010


0 Responses to “Нов сајт на Фото Сојуз на Македонија”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!