Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



КУРС ЗА СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





На 4 февруари 2010 (четврток), во Македонскиот центар за фотографија ќе започне да се спроведува курсот СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА (table top).
Курсот опфаќа интензивна работа (20 работни часа распоредени во четири дена) а го спроведува проф. Ѓорѓе Одановиќ од Србија.



За заинтересираните фотографи еве повеќе детали:

КУРС ЗА СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА

Снимање предмети (мртва природа)

Напредно ниво

Место: Македонски центар за фотографија

Времетраење: 4. – 7. февруари 2010 (четврток – недела)

Распоред на часови: 4.02.2010 (чеврток) 19:00 – 22:00, вкупно 3часа

5.02.2010 (петок) 17:00 – 22:00, вкупно 5часа

6.02.2010 (сабота) 9:00 – 12:00 и 18:00 – 22:00, вкупно 7 часа

7.02.2010 (недела) 9:00 -14:00, вкупно 5 часа

Обучувач: Ѓорѓе Одановиќ

Цена: 4900 денари (во цената се вклучени 20 работни часа, трошоци за

материјали и опрема за работа во студио)

Услови за пријавување: Самостојно ракување со дигитален SLR апарат и основни

познавања на студиско светло

Рок за пријавување: 1. февруари 2010

Контакт: Лидија Пајевиќ, 071 309 993

Курсот има за цел да им овозможи на учесниците стекнување на продлабочени знаења и вештини за студиска фотографија (table top) преку обработка на теоретски содржини и практични вежби. Курсот ќе опфати:

1. Теоретски дел: третманот на мртвата природа во сликарството и старата фотографија низ историјата; проблеми со осветлување и аналиэа на ликовни дела од историјата на сликарството и фотографијата; мртвата природа во современата фотографија. Преку овие сесии слушателите ги осоэнаваат принципите на компоэиција и начини на осветлување на раэлични материјали.

2. Практичен дел: слушателите работат со високо професионална студиска опрема и имаат ретка можност покрај снимањето со дигитална камера да фотографираат и со големоформатна студиска камера (Sinar F2, 4x5inch; B&W film), професионално флеш светло (Elinchrom) како и раэлични додатоци. Ќе се фотографираат предмети од различни материјали (стакло, метал, порцелан) а секој слушател по свој иэбор ќе фотографира компоэиција која сам ќе ја аранжира. Покрај индивидуалната работа студентите ќе учествуваат и во групни вежби. После секое снимање следува аналиэа на снимениот материјал, корекции на фотографиите и припрема на фотографиите эа печат. На крајот на курсот се организира изложба на најуспешните фотографии.


Сите учесници добиваат сертификат за учество на курсот.

Кратка биографија за обучувачот

Ѓорѓе Одановиќ (роден 1956) е фотограф и професор на Факултетот за ликовни уметности во Нови Сад, Србија. Ги завршил своите дипломски студии на Факултетот за применети уметности, Белград, Србија. Денес ги води основните и постдипломските студии за фотографија на Академијата за уметности, Нови Сад. Неговите дела се наоѓаат во приватни и државни колекции во Србија (Музеј на современа уметност, Белград) и во странство (Франција). Има организирано неколку студентски изложби. Престојувал во Париз 1986 и 1990 на Cite International De s Arts. Одржал четиринаесет самостојни изложби. Учествувал во Надворешен проект 2005/2006. Одржал фото-работилница во Скопје 2007. Од поважните интернационални изложби ги вклучуваме: Колоњ, Париз, Вервиерс (Белгија), Лима (Перу), Плевен (Бугарија), Солун (Грција), Братислава (Словачка). Неговата работа е наградувана повеќепати.

___________________________________________________________

Македонски центар за фотографија
ул. Железничка 18 (Мала станица)
Тел. 071 309993
e-mail. makcentarfoto@gmail.com







***

Фотографи! Вие сте на потег!
© Chkrap!*2010


0 Responses to “КУРС ЗА СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!