Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ФОТО САЛОН Куманово 2009


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





На 5-ти декември 2009 година во Уметничката галерија во Куманово во организација на ФКК “Козјак 50“ од Куманово беше отворена “4-та Изложба на уметничка фотографија“ Фото салон Куманово 2009, под патронат на FIAP, PSA и Фото сојузот на Македонија.

Тричленото жири во состав: Боро Рудиќ, Раша Милојевиќ и Цветан Гавровски одбра 154 фотографии од пристигнатите 810 фотографии на Конкурсот со слободна тема (FIAP) и тема “Природа“ (PSA).

Беа доделени медали и дипломи за поединечна фотографија и за колекции, како и специјални награди.

Првата награда за најдобра фотографија или Best LIFE Photo „Живко Јаневски“, ја доби Глигор Максимовски од Македонија

За слободната тема беа наградени следните автори:
Првата награда (FIAP златен медал) за фотографија ја доби Виктор Кукош од Франција
Втората награда (FIAP сребрен медал) за фотографија ја доби Лусјен Вијкманс од Белгија

Третата награда (FIAP бронзен медал) за фотографија ја доби Владимир Арсовски од Македонија
Првата награда (FIAP златен медал) за колекција ја доби Сања Николиќ од Македонија

Втората награда (FIAP сребрен медал) за колекција ја доби Марк Аперс од Белгија

Третата награда (FIAP бронзен медал) за колекција ја доби Драги Неделчевски од Македонија

За темата “Природа“ беа наградени следниве автори:

PSA златен медал: Драго Метљак од Словенија
PSA сребрен медал: Филип Кван од Канада
PSA бронзен медал: Кит Вир Греган од Англија

За бројот на авторите, бројот на фотографиите како и за имињата на наградените, детално можете да се информирате ТУКА.











































Изложбата беше одлично организирана, добро посетена и беше вистински празник на фотографијата. Браво за кумановци! Се гледаме следната година на ФОТО САЛОН Куманово 2010!

© Chkrap! * 2009

Links to this post:

<\$BlogItemBacklinkCreate\$>


0 Responses to “ФОТО САЛОН Куманово 2009”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!