Чист воздух за тетовчани... Протестите продолжуваат
Published сабота, јануари 02, 2010 by
Chkrap! | E-mail this post
Место на случување: Тетово
Датум: 2 јануари 2010 година
Лица: Младите (загрозени) тетовчани и Дедо Мраз
Повод: Дарување тегли со чист воздух
Причина: Труењето на тетовчани со чадот од дивата депонија
Чкрап!: Тренирање фотожурнализамТетово, градот под Шара, веќе подолго време се гуши во ужасна смрдеа што се шири од дивата депонија за смет што се наоѓа на железничката станица, на само 50-ина метри од првите градски куќи.
Канцерогените материи секојдневно ги вдишуваат тетовчани и се изложуваат на големи здравствени ризици. Иако постои начин да се реши овој проблем, тоа до сега (јануари 2010 година) не е сторено. Депонијата е се поголема, а надлежните сега за сега не преземаат ништо... Данокот во зголемен број заболени од рак за наплата ќе стаса веќе по неколку години... На 2 јануари 2010 година, Дедо Мраз на граѓаните на Тетово им делеше подароци - чист воздух во тегла...
Среќна Нова 2010!
Повеќе овде.Една недела подоцна. Проблемот се уште не е решен. Тетово и тетовчани се дават во смрдеа... Неформалната група граѓани наречена “Совесни и свесни граѓани“ по врнежливо време пак протестираа. Но сега во многу поголем број од пред една недела, со свирење и чукање, на “маршот“ од градскиот плоштад до железничката станица (во моментов дивата депонија), го изразија своето незадоволство од решавањето на овој голем проблем. Од надлежните - само ветување дека наскоро (?) ќе се реши проблемот со сметот и дивата депонија...
Повеќе овде!Мојот мал Nikon D40 го издржа силниот дожд, а јас неподносливата смрдеа.
Тешка е оваа фоторепортерска работа. Во следниот пост се враќам со порелаксирани теми!
Драги Неделчевски*2010
© Chkrap!*2010
0 Responses to “Чист воздух за тетовчани... Протестите продолжуваат”
Leave a Reply