Еве краток фото репорт како беше на изложбата на фотографии - Мое ТЕТОВО низ фотографии.
Изложбата беше отворена на 19 ноември 2009 година во Музејот на тетовскиот крај, токму кога се навршија 65 години од ослободувањето на Тетово ( и на Македонија!) од фашистичкиот окупатор.
Драги Неделчевски, Зоран Андонов, Давор Спасоски, Ѓорѓи Ристоски, Мирче Новаковски и Александар Стојановски - Цули, ако не друго, барем ги поттикнаа тетовчани повеќе да го гледаат својот град со ширум отворени очи...
Им благодариме на сите што не поддржаа во реализацијата на оваа изложба.
0
comments
Published понеделник, ноември 16, 2009 by
Chkrap!.
Тетово. Еден град. Шест фотографски доживувања на градот. Шест микро “проекти“на тема: Како го гледам мојот град? Како го доживувам? Каква е неговата сегашност? Каква е неговата иднина? Ние шестмината фотографи од Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово: Зоран Андонов, Давор Спасоски, Ѓорѓи Ристоски, Мирче Новаковски, Александар Стојановски и јас, Драги Неделчевски, го “сликавме“ Тетово на почетокот на дваесетипрвиот век. Сите на различен, свој начин. Едно е сигурно – ова не е туристичка разгледница за Тетово. Напротив, разгледувајќи ги овие фотографии јас почувствував и малку тага... Роден сум во Тетово, живеам тука и редовно плаќам такса во ЈКП за моето место на градските гробишта. Сведок сум на огромни промени што се случуваат во светот. Тетово и неговите жители не се исклучок. До пред десетина и повеќе години ова беше еден сосема друг град...
***
Изложбата на фотографии ќе биде отворена на 19 ноември 2009 година, четврток во 18.30 часот (по повод 55 години од ослободувањето на Тетово од фашизмот), во галеријата на Н.У. Музеј на тетовскиот крај.
0
comments
Published недела, ноември 01, 2009 by
Chkrap!.
Поминаа уште едни ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА, овојпат 47-ми по ред.
Сања Николиќ, еден од учесниците на изложбата
Цветан Гавровски, претставник на EFIAP, пред една фотографија од првонаградената колекција
Боро Рудиќ, претседател на ФСМ, пред првонаградената фотографија
Цветан Гавровски, Боро Рудиќ и Јане Љоровски
Валентина Н. Чапова
Боро Рудиќ и Петар Тасевски
Илија Јовев со Ц.Гавровски, Б.Рудиќ и Ј. Љоровски
Зоран Андонов од “Чкрап!“ - втора награда за колекција
Во организација на Фото сојузот на Македонија (со ангажирање на фоклубовите Фотографика, Елема и Чкрап!), беа организирани 47-та државна изложба на фотографии, младинската изложба на фотографии (во Домот на АРМ во Скопје на 20 октомври 2009 година) и работилницата за млади фотографи во с. Варвара, тетовско, од 16 до 18 октомври 2009 година.
Годинешниве изложби беа рекордни по бројот на пристигнати фотографии на конкурсот (780 фотографии од 118 автори), што покажува огромен интерес за фотографијата, посебно кај помладите автори, но и рекордни по бројот на изложени дела (249 фотографии од 83 автори), што сепак беше премногу! Можеби од желба за поголема популаризација на фотографијата беа примени фотографии на кои не им беше место на најпрестижната изложба на фотографии во Македонија, а начинот на кој беа изложени примените фотографии во најмала рака беше несериозен и скандалозен. Многу фотографии, залепени на бел хамер, збиени една до друга...
Еве ги првонаградените фотографи: - Прва награда з колекција – Валентина Н. Чапова од Скопје, - Прва награда за фотографија – Петар Тасевски од Битола, - Прва награда за колекција во младинска конкуренција – Моника Муличковска од Скопје - Прва награда за фотографија во младонска конкуренција – Мартин Димитриевски од Скопје
Членовите на жирито со едногласна одлука прифати да се изложат 5 фотографии (вон конкуренција) од авторот Илија Јовев, фотографски уметник и активен член на ФСМ во 1980 година – колекција “Пејсажи“.
Техничката организација на изложбите годинава ја презеде Фотоклубот ФОТОГРАФИКА од Скопје.
***
Боро Рудиќ
Од 16 до 18 октомври 2009 година во живописното село Варвара, во близината на Тетово, во организација на фотоклубовите Елема од Скопје и Чкрап! од Тетово се одржа работилница за млади фотографи. Најискусните фотографи од Фотосојузот (сите од Фотоклубот ЕЛЕМА), на младите фотографи преку презентации (интересни и нформативни) и снимање на терен во и околу селото, како и во неврзаните разговори на тема – фотографија, им пренесоа дел од своите искуства како и грст информации за и околу фотографијата (историја, теорија, снимање, обработка...). Посебен интерес предизвика излагањето на Цветан Гавровски за една малку позната страна на фотографијата во Македонија – за фотографската донација од Јирген Пиплоу од Германија, кој долги години престојувал во Македонија и оставил илјадници вредни негативи и фотографии...
Раде Луковиќ
Александар Кондев и Цветан Гавровски
Дел од учесниците на фотографската работилница.
Цветан Гавровски зборува за моќта на фотографијата
Стар пазар во Тетово - фотографија од Јирген Пиплоу
Цветан Гавровски
Александар Кондев
Работа на терен
Со младите фотографи на 800 метри надморска височина
***
Што да се каже како заклучок? Многу фотографии, многу публика на изложбите, презентации и предавања, случувања околу фотографијата, но сепак недоволно. Во устата (и очите!) останува помалку горчлив вкус дека сé уште заостануваме зад светските трендови во фотографијата, не толку од техничка страна, колку од креативна... (и организациска). Но сепак, ова е само мое лично мислење, што не мора да биде точно.