0
comments
Published петок, јули 31, 2009 by
Chkrap!.
Не можев да одолеам, а да не не Ви го претставам фасцинантниот фотографски проект на фотографот Марк Стори (
Mark STORY).
Тој се нафатил да ги фотографира луѓето што имаат преку сто години!
На проектот работел повеќе години, а резултат на сето тоа е изложбата на фотографии.
Повеќе детали
овде...Chkrap!*2009
0
comments
Published среда, јули 22, 2009 by
Chkrap!.
Васе Петровски - Аманито, фотограф и член на “Чкрап!“ ни пишува за една нова иницијатива (море - пракса е веќе!) еден нов свеж ветер во македонската фотографија.
Еве за што станува збор:
“Успешната магија е дело на светлината!!!
стробистМК е група на фотографи од р. Македонија кои имаат потреба од дружење на тема стробист предводена оригинало од
strobist David Hobby.
Цел: локално меѓусебно креативно дружење и едукација на тема креативно фотографирање на поинаков начин.
Начин: со помош на мали блицови за на камера, кинески тригери, амбиентално светло, малку креативност и знаење, до фотографии со професионален изглед.
До сега се направени преку 10-тина собири, од кои последните 3 официјално документирани и запишани. А секојдневно се создаваат се повеќе и повеќе идеи за нови.
Контакт
Blog:
стробистMKFacebook:
Стробист МК“
Значи, многу подетални информации може да се најдат или на блогот или на Facebook групата или директно кај Васе на маил
amanitok15@gmail.com
0
comments
Published четврток, јули 02, 2009 by
Chkrap!.
Ете, бидна уште една изложба на фотографии во Тетово. Уште еден празник на фотографијата (се надеваме). Многубројна публика, гости-колеги од Скопје, Куманово, Гостивар...
ДВА ПОГЛЕДА НА ДОКУМЕНТАРНАТА ФОТОГРАФИЈА на членовите на Фотокино клубот ТЕТОВО ака “Чкрап!“ - изложба на фотографии на Драги Неделчевски и Зоран Андонов, помогната од Министерството за култура, ЦБЦ ЛОЈА, Борче Сиљјаноски (книжарница БИРОМОНД - Тетово), Арбериа Дизајн... Домаќините почестени со присуството на Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Роберт Јанкуловски, Оливер Мусовиќ, колегите од “Чкрап!“ и уште многу други истакнати фотографи... Публика која веќе знае да ужива во фотографијата...
Од присутните слушнавме дека тоа беше интересна поставка и концепт на изложбата... Тие што не дојдоа, нека не му се секираат премногу, ионака беше преполно и немаше повеќе место...
Epur si muove!
Драги и Зоран им се заблагодаруваат на СИТЕ што ги поддржаа и што ги удостоија со нивното присуство...