Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






На 14 април 2009 година (вторник), во 20,30 часот, во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје, ќе биде отворена изложбата на фотографии и на Драги Неделчевски - фотограф од Тетово, со наслов “ЖИВОТ ВО КУТИЈА“. Се очекува на отворањето да биде промовирана и книга со фотографии.



Изложбата е дел од проектот “Поинаков поглед“, финансиран од Швајцарската програма за култура - Западен Балкан, во организација на Македонскиот Центар за Фотографија од Скопје под раководство на Роберт Јанкуловски.



“ЖИВОТ ВО КУТИЈА“ е фото есеј за Мане Неделчевски – дете со церебрална парализа...
Мане Неделчевски има 14 години. Мане е необично дете. Тој е заболен од тешка форма на церебрална парализа. Мане не може да се грижи за себе и тој постојано е зависен од другите. Кога е буден, секогаш е во својата количка. Тој живее во Тетово со своето семејство во стан на трети кат, во зграда без лифт... Деветмесечната работа на овој фото есеј – “ЖИВОТ ВО КУТИЈА“ – за мене беше тежок, но и возбудлив животен и фотографски предизвик... (Драги Неделчевски)





За оние што не беа на отворањето на изложбата на фотографии “Заеднички светилишта“, еве неколку фотографии...



За проектот зборуваа Валентино Тодоровски, Елизабета Конеска и Роберт Јанкулоски, а изложбата ја отвори амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија - Г-ѓа Симоне Филипини.













© 2009 * Д.Неделчевски * Чкрап!





ЗАЕДНИЧКИ СВЕТИЛИШТА всушност е заеднички проект на Елизабета КОНЕСКА - етнолог и Роберт ЈАНКУЛОСКИ - фотограф. Од овој проект произлезе книга, изложба на фотографии и документарен филм.







Проекцијата на филмот, промоцијата на книгата и отворањето на изложбата на фотографии е закажана за 9 април 2009 година (четврток) во 20.00 часот во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје.

Се работи за истражување на темата на заедничките светилишта во Македонија што ги користат различни верски групи.

Јанкулоски уште еднаш ни покажува дека е врвен фотограф - документарист. Негоовите наизглед непретенциозни фотографии го оставаат гледачот да се фокусира на темата и да ги впива информациите кои ги има во изобилство без да биде подложен на тортурата на фотографската техника со која што Јанкулоски ионака суверено владее.

Фотографиите на Јанкулоски со текстот на етнологот Конеска се два дела од една логична целина и не си конкурираат еден на друг. Проект вреден од повеќе аспекти: етнолошки, фотографски, историски, социолошки...

Во моментов може да ни се чини дека ова е уште еден успешен обид на овој двоец (етнолог-фотограф), но сметам дека неговото значење е многу поголемо. Во време кога се негира се што е македонско од некои наши (за жал) соседни земји, ваквите проекти имаат огромно значење.

Но, да ја погледаме изложбата и да си ја обезбедиме книгата за нашите поколенија...

© Драги Неделчевски * Chkrap!*2009


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!