ЗАЕДНИЧКИ СВЕТИЛИШТА - Фотографии на Роберт Јанкулоски
Published четврток, април 09, 2009 by
Chkrap! | E-mail this post
ЗАЕДНИЧКИ СВЕТИЛИШТА всушност е заеднички проект на Елизабета КОНЕСКА - етнолог и Роберт ЈАНКУЛОСКИ - фотограф. Од овој проект произлезе книга, изложба на фотографии и документарен филм.
Проекцијата на филмот, промоцијата на книгата и отворањето на изложбата на фотографии е закажана за 9 април 2009 година (четврток) во 20.00 часот во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје.
Се работи за истражување на темата на заедничките светилишта во Македонија што ги користат различни верски групи.
Јанкулоски уште еднаш ни покажува дека е врвен фотограф - документарист. Негоовите наизглед непретенциозни фотографии го оставаат гледачот да се фокусира на темата и да ги впива информациите кои ги има во изобилство без да биде подложен на тортурата на фотографската техника со која што Јанкулоски ионака суверено владее.
Фотографиите на Јанкулоски со текстот на етнологот Конеска се два дела од една логична целина и не си конкурираат еден на друг. Проект вреден од повеќе аспекти: етнолошки, фотографски, историски, социолошки...
Во моментов може да ни се чини дека ова е уште еден успешен обид на овој двоец (етнолог-фотограф), но сметам дека неговото значење е многу поголемо. Во време кога се негира се што е македонско од некои наши (за жал) соседни земји, ваквите проекти имаат огромно значење.
Но, да ја погледаме изложбата и да си ја обезбедиме книгата за нашите поколенија...
© Драги Неделчевски * Chkrap!*2009
0 Responses to “ЗАЕДНИЧКИ СВЕТИЛИШТА - Фотографии на Роберт Јанкулоски”
Leave a Reply