Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Ристоски во Австралија

0 comments




Ѓорѓи Ристоски, фотограф од Чкрап! работи тивко и квалитетно. Многу фотографира и изложува. Негов најнов успех е една примена фотографија на MAITLAND International Salon of Photography во Австралија.

Посебно му благодариме на организаторот на изложбата кој точно ја наведе земјата од која доаѓа Ристоски - MACEDONIA.



Ете, и фотографите од Чкрап! на еден убав, скромен начин, се вистински амбасадори на уметноста и на својата земја...

Честитки до Ристоски и до организаторот на изложбата:)


Годишна изложба на Фото Клуб Елема

0 comments



Изложбата претставува активен израз на љубовта кон фотографијата на членовите на „ЕЛЕМА“ и oдлучен став за продолжување на една значајна традиција на годишно изложување на дел од своите уметнички дела. Членовите на Клубот активно учествуваат на сите домашни и повеќето меѓународни изложби на фотографии, под покровителство на Светската фотографска асоцијација (FIAP) и се носители на значајни награди и признанија.

Изложбата претставува и заокружување на успешната фотографска година, во која Фото клуб „Елема“ заедно со Фото сојуз на Македонија ги организираше претставувањето на колекцијата „Современа македонска фотографија“ во јуни месец во Чачак, Србија, која од домашната еминентна фотографска критика беше оценета со највисоки оценки и редовната годишна изложба „Денови на македонската фотографија 2007“ во месец октомври во Скопје,

Конечно, изложбата претставува и најава на престижната меѓународна изложба „Фотомедија 2008“, која со своите десет изданија успеа да стекне висок интернационален углед и котира меѓу 10-те најпрестижни изложби на фотографија во светската фотографска уметност. Одржувањето на оваа значајна манифестација се планира во месец ноември 2008 г.

Претседател на ФК „ЕЛЕМА“
Дарко Петровски

















Изложбата на ЕЛЕМА во новоуредената галерија на КИЦ навистина беше cool. Етаблирани фотографи, големи формати, trendy inkjet prints, прекрасен изложбен простор, богат каталог, луѓе...
А фотографијата?... За неа другпат.



Со честитики од Чкрап!, довидување до ЕЛЕМА 2009!


www.chkrap.com

0 comments



Точно 2 часа пред да “пристигне“ новата 2008 година, вебмастерот и фотограф Драшко Серафимовски ни ја подари првата веб страница на Фотокино клубот Чкрап! од Тетово.

Од сега, на www.chkrap.com побарајате сé за Чкрап!
Новости, конкурси, изложби, фотографии...
Се надеваме дека нашиот сајт, (заедно со овој блог) ќе бидат Ваша редовна дестинација на Вашите фотографски патешествија низ интернетската прашума...

Среќна и плодна 2008 година Ви посакува Вашиот Чкрап!


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!