Published понеделник, декември 22, 2008 by
Chkrap! | E-mail this post
Во најкапиталистичката држава на светот, каде што се концентрирани парите, моќта, техничките способности, мајсторите на занаетот, суетата и лажниот морал - често се случуваат “шпански“ мелодрами. Еве една од понов датум, од сферата на фотографијата.
Ени Либовиц, селебрити фотограф (можеби поголем селебрити од половината свои клиенти кои се топ фаци од американскиот и светскиот шоубиз), пред некое време имала фото сесија со некое девојче од 15 години. Тоа да ти било многу позната актерка (глумела некој лик во Дизни продукциите) и нејзини фанови биле главно девојчиња од 6 - 14 годишна возраст. Фино-лепо, сесијата е направена (нормално со дозвола и во присуство на гордиот татко), Ени Либовиц снимила фотографии и тие се објавени во Венити Фер. На една од фотографиите девојчето е без горна облека, но градите и се покриени со некаков чаршав. Се гледа грбот, лицето.
По објавувањето “моралното мнозинство“ (и фановите на младата актерка) во Америка дигнало голема врева. Наводно славната фотографка го злоупотребила девојчето во маркетиншки цели, а тоа сирото, воопшто “не знаело“ дека тие фотографии ќе бидат објавени... тра ла ла. Дури и сaмата Ени Либовиц морала да дава изјава по повод целата скаламутница...
Иако ова е типична американска приказна, надуен скандал со повеќе или помалку јасни цели - остануваат отворени некои прашања за кои би било добро да се размисли и поразговара. На пример: Како (да) се уредат односите помеѓу фотографот и моделот? До каде може да оди фотографот? Какви се правата на моделот по давањето дозвола за снимање. Да ли во сите ситуации треба да се бара дозвола или може да се снима и без неа? (се сомневам, на пример, дека славните фотографи од Нешенел Џиографик секогаш бараат дозвола од нивните модели по разно-разни светски вукоебини...) итн. итн...
Ако имате мислење и сакате да го поделите со нас, пишете на chkrap@gmail.com и ако дозволите ќе ги објавиме Вашите мислења и коментари.
Напомена: Оставање коментари на блогов не е возможно поради тоа што овој темплејт не го дозволува тоа. Не сме совршени, за жал. Или за добро:)
0 Responses to “Џо! И тоа е Америка!”
Leave a Reply