Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ФОТО САФАРИ - МАКЕДОНИЈА 2008


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





Наесен се случуваат убави работи во “фотографска“ Македонија. Тукушто стокмивме фотографии за повторно оживеаната PHOTOMEDIA, со мало задоцнување пристигна и конкурсот за ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА - КУМАНОВО 2008, ете ти го Македонскиот центар за фотографија и најновиот фотоклуб во Македонија ФОТОГРАФИКА кои заедно со Американската Амбасада во Македонија (каков удав од вовед е ова?)- со најквалитетната и најинспиративната фото-дешавка. ФОТО САФАРИ - МАКЕДОНИЈА 2008 под менторство и very, very вклученост на никој друг туку SARAH LEEN, фото едитор во легендарниот NATIONAL GEOGRAPHIC MAGAZINE.

Сега за сега ќе ги прескокнам деталите, а Вас Ве поканувам на Изложбата на фотографии снимени на тоа Фото сафари од фотографите на ФОТОГРАФИКА и Чкрап!. Ах, да. Имаше и неколку freelancer-и. Изложбата ќе биде отворена во четврток, на 25 септември 2008 година во Мала станица - Скопје во 20.00 часот, (каде што е сместен и Македонскиот центар за фотографија).

Едно големо БРАВО за Сара Лин (NGM), Роберт Јанкулоски (Македонски центар за фотографија) и Игор Спироски (претседател на ФОТОГРАФИКА), кои на 40-ина (главно) млади фотографи им пружија единствена прилика да фотографираат низ Македонија, да учат од мајсторите на фотографијата, да се дружат, да се разочараат колку смет (ѓубре) има на секоја педа од оваа наша мала и загадена Македонија... И што сакате повеќе...

А, за тоа како си поминавме на сафарито, во наредниот пост по изложбата.

© Chkrap!*2008


0 Responses to “ФОТО САФАРИ - МАКЕДОНИЈА 2008”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!