Некогаш ги бараш, ги бараш долго, насекаде, а тие се тука покрај тебе.
Мери Каталиниќ не некој начин е со “Чкрап!“ уште од неговото постоење, но се некако од страна. Фотографска инспирација на истакнатиот фотограф од “Чкрап!“ - Самир Љума, редовен посетител на нашите изложби, компетитивен учесник во нашите бескрајни разговори за креативноста, животот, фотографијата...
Еве ја на “Чкрап!“, само за Вашите очи и душа - со нејзини фотографии и текст.
text & photos © meri katalinic*2008
Како ѕи
Д создаден од облаци и пајакова мрежа ,
Како мор
Е кое тоне во сонцето,
Како пат со
Минорен случаен крај,
Како нејасен лик нацртан на пес
Окта,
Како милио
Н мали месечинки,
Како кога се плашам дека сме само неч
Иј сон
и
Тој некој ќе се разбуди и се ќе исчезне заедно со нас,
Како н
Ечујна воздишка за спас или од едноставна среќа ,
Како сон од кој
Вистински не сакаш да се разбудиш,
Кога се к
Олебаш во сопствената верба ,
Кога си са
Мо сигурен во сопствената не сигурност,
Кога повторно се поврзувам со н
Екој дел од себе кој бил заклучен некаде длабоко таму,,,
Доз
Навам дека не морам да го видам својот лик во скршено огледало за да запознаам уште нови ликови кои никогаш порано н
Е сум ги сретнала,
Малиот милион демони кои живеат во мене и ги боли што сум рамнодушна кон вистината дека постојат ,,,,
Неколу пати чкрап и јас всушност ги славам, ги ослободувам , ги заживувам....
...па добиваат боја , форма, сенка , приказна, мисла ,...и фотографијата постои...
...м...
0 Responses to “Мери Каталиниќ - фотограф и поет”
Leave a Reply