ОСНОВИ НА ФОТОГРАФИЈАТА - курс за почетници
Published понеделник, април 07, 2008 by
Chkrap! | E-mail this post
ОСНОВИ НА ФОТОГРАФИЈА
(курс за фотографија, основно ниво)
Дата: 14 април – 12 мај 2008 (понеделник и среда)
Време: 18:00 – 21:00 (20 часа распоредени во 8 сесии)
Место: Македонски центар за фотографија, Мала станица, Скопје
Обучувач: Иван Блажев
Цена: 2000 денари (во цената се вклучени 20 работни часа и трошоци за работа во лабораторија)
Рок за пријава: до 11 април 2008 (петок)
Контакт: Јасмина Гиева, тел. 071 30 99 94
Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на фотографија преку обработка на следниве содржини: ракување со аналогна камера, принципи на експозиција, објективи, развивање на филм и изработка на фотографија. Курсот опфаќа предавања, демонстрации и практични вежби преку кои учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за изработка на фотографии. Се препорачува учесниците да поседуваат сопствена аналогна камера. На крајот од курсот ќе се одржи изложба на најуспешните фотографии.
Сите учесници добиваат сертификат за учество на курсот.
Во прилог Ви ја доставуваме интегралната програма за работа.
Кратка биографија на обучувачот
Иван Блажев (Скопје, 1974) има дипломирано на Бруклин Колеџот во Њујорк, САД на Катедрата за филмска режија и камера. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби во земјата и странство. Важен дел од неговата активност се предавањата и работилниците за фотографија наменети за младите фотографи. Ги има објавено книгите: Блесоци: Иницијативи за безбедно училиште и Македонија сонувајќи.
0 Responses to “ОСНОВИ НА ФОТОГРАФИЈАТА - курс за почетници”
Leave a Reply