Американска архитектура покрај патот
Published четврток, февруари 21, 2008 by
Chkrap! | E-mail this post 
На 21 февруари 2008 година во Националната уметничка галерија во Тетово беше отворена изложба на фотографии.
“Изложбата Американската архитектура покрај патот претставува фотографии од Џон Марголис, историчар на архитектурата и фотограф кој 25 години патувал низ САД, истражувајќи ги патиштата на историјата и архитектурата покрај патот...“
Овој цитат е copy-paste од каталогот на изложбата. Да не беше тој, не ќе знаевме ништо за изложбата, затоа што реализаторите на изложбата:
Амбасадата на САД во Република Македонија во соработка со Музејот на град Скопје, Заводот за заштита на споменици, Музеј од Штип и
Националната галерија во Тетово, на отворањето на изложбата не кажаа ниту збор на македонски јазик, ниту пак обезбедија преведувач од албански јазик.





Инаку, фотографиите беа, онака, баш straight, совршено остри, во full color и одлично отпечатени. Објектите, без луѓе на фотографиите, делуваа доста надреално, но необичниот пејсаж и техничката совршеност на 50-ината фотографии беа доволна причина, во фотографски посниот период во Тетово, да се посети оваа изложба.
0 Responses to “Американска архитектура покрај патот”
Leave a Reply