МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ФОТОГРАФИЈА
Published петок, март 07, 2008 by
Chkrap! | E-mail this post
6 март 2008 година може да биде многу значаен датум за фотографијата во Македонија.
Во Мултимедијалниот центар Мала станица - Национална галерија на Македонија е отворен Македонскиот центар за фотографија во рамките на проектот Поинаков поглед кој е поддржан од Швајцарската програма за култура во Македонија.
Во центарот работи мал, но способен и уигран тим на чело со Роберт Јанкуловски.
Центарот располага со изложбен простор (кој може да се користи и за предавања), комплетно опремени аналогна и дигитална фотолабораторија...
Идејата на Ценарот е да прерасне во Академија за фотографија.
За тоа ги има сите услови.
Веднаш по отворањето планирани се активности (претставуивање на Фотомузејот од Винтертур - Швајцарија и меѓународна конференција на тема - Фотографијата - дел од уметнички концепт).
Со желби са успешна работа на Центарот се придружуваме и ние од
Чкрап!
0 Responses to “МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ФОТОГРАФИЈА”
Leave a Reply