Од изложбата на Зоран Андонов
Published сабота, март 01, 2008 by
Chkrap! | E-mail this post
Зоран Андонов, еден од ветераните на фотографијата во Тетово уште од времето на Фотокино Студиото при Домот на културата “И.А.Смок“ во Тетово, еден од основачите на Фотокино клубот ТЕТОВО -
Чкрап! - на 29 февруари 2008 ни подготви пријатни фотографски мигови.
Самостојната изложба авторот со кратка најава ја отвори и на бројната публика им ги претстави 50-тината свои фотографии изработени последниве 20 години.
Професијата фоторепортер го насочува неговото внимание и фотографско око кон животните теми, актуелните настани што го окружуваат.
Македонија денес, на почетокот на XXI- век, е одличен мизансцен за фоторепортерите. Многумина од нив тоа обилно го користат служејќи се со јазикот на медиумот и честопати “забегуваат“ во сензационализам, барајќи свое место во, сепак, тесниот медиумски простор.
Зоран Андонов имајќи можност да се најде на местото на настаните, никогаш не го злоупотребува тоа, има обѕири кон луѓето и настаните кои ги фотографира. Тој им дава една човечка димензија без да премине во пренагласување на настанот, а со тоа во сензационализам.
Затоа, можеби на прв поглед неговите фотографии не изгледаат атрактивно, но тие заслужуваат подлабок и подолг поглед. Тогаш ќе ги откриете скриените пораки и човечката топлина.
Чкрап! му честита и посакува уште мнооогу добри фотографии.
0 Responses to “Од изложбата на Зоран Андонов”
Leave a Reply