Би сакале ли да дознаете нешто за хемискиот состав на фотографиите?
Да слушнете како се изработувани фотограафиите во изминатите 170 години?
Би сакале ли да дознаете нешто за првата сочувана фотографија?
Како е таа конзервирана?...
... А да се запознаете со човекот кој лично работеше на нејзино зачувување?
Македонскиот центар эа фотографија
и Муэејот на град Скопје
Ве покануваат
на предавање на тема:
Заштита на светското фотографско наследство:
предизвици за 21от век
Предавањето ќе го одржи еминентниот научник
Проф. Др. Душан Стулиk
од Гети Институтот (Getty Conservation Institute) - Лос Анџелес, САД
Музеј на град Скопје
Среда, 14 ноември 2007, 20,30 часот
Минатото лето тимот на Проф. Др. Душан Стулик замина во Националниот Музеј за Медиуми во Брадфорд, Англија, во која се наоѓа најзначајната и најголемата колекција на фотографии во Светот. Причините за посетата беше да се тестира една од изложените фотографии, која со децении важи за прва печатена фотографија со ванадиум, сребрено- сив метал кој во времето многу кратко време се користел, заедно со среброто, платианта и други метали, за подолготрајно зачувување на сликите на хартија. Но само по неколку минути, Гетиовиот спектрометар покажа дека нема никакви траги од ванадиум на фотографијата, што всушност докажува дека тоа не е редок историски артефакт, туку едноставна сребро-нитратна фотографија. Истражувањето исто така покажа дека експерименталаната фотографија на фотографскиот пионер Вилијам Хенри Фокс Талбот, за која се вели дека е настаната во 1854 година, содржи колодион и барит, материи за кои не се веруваше дека биле користени толку рано.
„Во суштина ова би можело да предизвика повторно пишување на историјата на фотографијата“, изјави Грант Ромер, директор на програмата за конзервација при најстарот музеј на фотографија во светот George Eastman House кој се наоѓа во Рочестер, Њу Јорк. „Веке предизвика некаква криза во разбирањето за тоа, што ние мислиме дека знаеме за некои фотографии“
(извадок од текстот објавен во Њу Јорк Тајмс, Април 2007, фото. Andrea Mohin)
0 Responses to “Заштита на светското фотографско наследство”
Leave a Reply