Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Денови на Македонска Фотографија 2007

0 comments


ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2007

Организатор: Фото клуб ЕЛЕМА – Скопје

П Р О П О З И Ц И И

ТЕМА: СЛОБОДНА

Право на учество на изложбата имаат сите граѓани на Република Македонија, членови на клубовите при Фото сојузот на Македонија, самостојни автори и професионални фотографи.

Секој автор може да конкурира со максимум 10 фотографии. Во рамките на изложбата ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2007 ќе се одржи и младинска изложба. На младинската изложба право на учество имаат автори помлади од 27 години.

На задниот дел од секоја фотографија треба да се назначат податоците според Правилникот за изложби на ФСМ: име и презиме на авторот, наслов, фото клуб, адреса и звање во ФСМ, доколку го има авторот.

На фотографиите за младинската изложба треба да се назначи дека се за младинската изложба и треба да се напише годината на раѓање на авторот.

Ќе се примат црно-бели и колор фотографии во која било техника до формат 30х45 cm или изведени формати.

Фотографиите кои досега учествувале на претходните ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА нема да бидат прифатени за жирирање.

НАГРАДИ:

Жирито ќе додели:

  • 1., 2. и 3. награда за колекција на фотографии; -
  • 1., 2. и 3.награда за поединечна фотографија; -
  • Две дипломи за колекција на фотографии; -
  • Две дипломи за поединечна фотографија.
Членови на жири:
Цветан Гавровски КМФ ФСМ

Душко Доцевски Ф1 ФСМ

Иван Блажев


Фотографиите добро спакувани да
се донесат на адреса:

ФОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

КАЛЕНДАР: АДРЕСА:

ГРАДСКИ ЅИД, БЛОК 5

П. фах 14, 1000 Скопје

Краен рок за прием: 01.10.2007

Жирирање: 06.11.2007

Отворање на изложбата: 11.11.2007

Враќање на фотографиите: 30.11.2007


Организаторот го задржува правото на репродукција на примените фотографии за потребите на изложбата. Авторите гарантираат за авторството на користениот материјал. Секоја злоупотреба на авторски права е на лична одговорност на авторот.


Polaroid

0 comments



The Polaroid Book е прекрасна книга со полароид фотографии направени од врвни светски фотографи.

Издадена во издание на Taschen во 2005 година, веќе е распродадена и се подготвува репринт.

Edwin Herbert Land во 1947 го претстави својот изум - Полароид фотографијата и влезе во историјата. Пред половина век на некој начин ја антиципираше дигиталната сегашност (инстант фотографија).

На обичните snapshooter-и им даде прекрасен алат за правење фотографии (буквално) пред нивните очи, а на fine art фотографите средство за изразување со необични карактеристики: мал формат (подоцна и гигантски формат), поместени бои, уникатност, можност за манипулација (Полароид трансфер)...

Оваа книга е преполна со мноооогу добри полароид фотографии од светски познати фотографи и уметници.

Кога ќе ја разгледате веднаш посакувате да земете еден SX-70 (најквалитетната Полароид фото камера - фетиш кај фотографите) и неколку пакувања Полароид филм (хартија)... и право во Полароид авантура!

Извонредниот дизајн на книгата и пакувањето (реминисценција на Полароид филм pack-от) само го прави задоволството поголемо.







Ах, да, сега лошите вести.
Колку што ми е мене познато во Македонија никаде не може да се купи Полароид филм за SX-70... ниту во продавниците ниту пак може да се најде кај некој фотограф...
Ако некој може да ме
демантира, тоа нека го стори на нашиот email: fkktetovo@gmail.com

© Chkrap!*2007


Фотографија 24/7

0 comments



Во Македонија многу ретко се одржуваат работилници и семинари за фотографија.
Од 30 август до 5 септември 2007 година во Охрид се одржа една таква фотографска работилница со работен наслов "Camera obscura vs. Digital", во организација на Македонскиот центар за фотографија.



Во една опуштена и во исто време креативна атмосфера, неколку фотографи од Chkrap!, заедно со уште неколкумина фотографи од Скопје и Кочани, ја живееја фотографијата 24/7.



Инспиративни предавања, снимање со камера опскура, развивање филмови и фотографии во лабораторија, дружење, разговори за феноменот на фотографијата (кој е воопшто автор на фотографијата?, тој што го притиснал чкрапалото на фото камерата или некој друг?)... е само мал дел од густо набиената програма.



Предавачите Ѓорѓе Одановиќ од Белград и Роберт Јанкуловски од Скопје беа на ниво на поставената задача. На младите фотографи им дадоа грст вредни информации за снимањето без објектив (без фото камера) како и за дигиталната фотогрфијата.

Изложбата на фотографии (Camera obscura vs Digital) би требало да се одржи кон крајот на септември 2007 во Скопје.

Аврор на фотографиите во овој пост, (освен фотографијата направена со камера опскура) е Д. Неделчевски од Chkrap!


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!