Таа и делот од неа
Дејан Бошковски како и многу фотографи има оставено печат во Македонската фотографија, со доста храбри дела, моменти, приказни, дела кои биле поставени на многу домашни и интернационални групни изложби.
Гледајќи ја неговата колекција, која е убава конекција, помеѓу жената, животните и природата, може да се види моќен спој на убавина, спокој и љубов, порака во која секоја жена има дел од себе и несебично го спеделува со околината во која живее.
Фокусот на оваа поставка е посветена на самата убавина која не опколува.
Живееме , се будиме, вдишуваме, чувствуваме, допираме, постоиме.
Ирена Мила
Фотографијата ни дава можност да го видиме светот низ окото на другите.
Гледајќи го светот низ очите на Дејан Бошковски, дојдов до впечаток дека се може да биде совршено.
Жена и природа.
Многу поети, сликари, вајари ја гледале жената како персофиникација на природата.
Нежност, донесување на нов живот, постојаност во истрајност и непостојаност во расположение.
Жената навистина е слика на природата.
Оттаму и потчитта кон Дејан кој со своите фотографии, успева на специфичен, само нему својствен начин да ги спои двете совршенства на парче хартија.
Хармонијата која владее на овие слики опива и буди исконско во секој оној кој ќе се загледа во нив. Хармонја која им е својствена само ним. Се надополнуваат, чиниш каде завршува едната ,започнува другата.
Тоа е тој миг на комплетност кој Дејан успева да го зароби за вечност.
Природа и жена, нераскинлива врска од самиот почеток.
Сандро Николовски
новинар и писател
© Chkrap!*2013
0 Responses to “Таа и делот од неа - фотографии од Дејан Бошковски”
Leave a Reply