0
comments
Published петок, април 19, 2013 by
Chkrap!.
Во организација на Швајцарската програма за култура – Западен Балкан и Македонската амбасада во Босна и Херцеговина, од 10 до 16 април 2013 година во галеријата BlackBox во Сараево беше отворена изложбата на фотографии „Живот во кутија“, на Драги Неделчевски, член на Фото групата „Чкрап!“ од Тетово.
Слично како во Скопје 2009-та и во Белград 2011-та година, и во Сараево, оваа 2013 година, изложбата предизвика силно емотивно доживување кај публиката. Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во БиХ, Рами Реџепи во присуство на швајцарскиот амбасадор во БиХ, претставниците на СЦП (швајцарската програма за култура) и други. Документарниот пристап и црно-белите фотографии оставија убав впечаток кај бројната публиката.
По повод меѓународниот ден на Франкофонијата, под покровителство на Министерството за култура на РМ во соработка со Националната комисија за Франкофонија на РМ, на 21.03.2013 година во Мултимедијалниот центар Мала станица, беше отворена Изложбата на фотографии на Роберт Јанкулоски. Валентино Димитровски, по повод изложбата вели: Проектот „Поглед од прозорец“ е реализиран во 2012 година во Париз, а е инспириран од истоимената фотографија на еден од пронаоѓачите на фотографијата и на фотографскиот медиум, францускиот фотограф Жозеф Нисефор Ниепс...