Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Изложба на фотографии од Фото клубот Марибор, Словенија


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





Почитувани,

Ја имаме честа и задоволството да ве поканиме на изложбата фотографии од Фото клубот Марибор, Словенија, чие отварање ќе биде на 03. Мај 2012 во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија. На изложбата насловена “фотографи” ќе бидат претставени најдобрите остварувања на членовите од Фото клубот Марибор, еден од најстарите и највлијателните фото клубови во Словенија, а изложбата ќе ја отвори Амбасадорот на Р. Словенија г-динот Ален Брајан Бергант. Воедно ве известуваме дека Фото клубот Елема од Скопје на 04.мај.2012 ќе се претстави со фотографии од своите членови во Универзитетската библиотека во Марибор. Тоа е голема чест за Елема, во годината кога слави 50 години од своето постоење, да се претстави во европскиот град на културата за 2012 – Марибор. Ќе ни биде задоволство доколку со вашето присуство дадете поддршка на оваа културна размена и на нашите заложби за соработка со фото клубови надвор од Македонија и го најавите и медиумски го покриете овој настан. Изложбата е организирана од Фото клубот Елема, Скопје, во соработка со Словенечката амбасада во Скопје и со Кинотеката на Македонија, поддржана од Фото сојузот на Македонија.

Со почит, Фото Клуб Елема


0 Responses to “Изложба на фотографии од Фото клубот Марибор, Словенија”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!