Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap




Порталот Плус Инфо неовластено објавува фотографии без дозвола од авторот и без да го наведе изворот!





Денес, на 28 јули 2012 година во Тетово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден велосипедист. До кратката вест за настанот, на порталот Плус Инфо е објавена фотографија на која се гледа дел од улицата Благоја Тоска каде што се случила несреќата. Автор на фотографијата е Драги Неделчевски. Таа фотографија е постирана на неговиот Фејсбук профил пред повеќе од една година. фотографијата (како дел од авторска колекција за тетовска разгледница) нема врска со трагичниот настан со кој е поврзана на порталот, и на тој начин на авторот му нанесува дополнителна штета. А посетителите на порталот ги доведува во заблуда.

Авторот на фотографијата не е Дон Кихот и нема да го тужи дрскиот портал за неовластено објавување туѓи фотографии без дозвола, или барем без наведување на авторот и изворот.

Текстов и фотографиите како доказ за ваквото бедно копи-пејст новинарство го постираме на блогов на Chkrap! да остане пишан доказ за таквото однесување и можеби да послужи како повод, конечно, и во Македонија да се поразговара за авторските права, за неовластеното објавување туѓи фотографии надвор од контекстот на објавената вест, ненаведување на авторот или барем изворот од каде е „мавната“ фотографијата...



Во меѓувреме направивме мало истражување и откривме дека фотографијата е преземена од блогот на Фотокино клубот ТЕТОВО, најверојатно со пребарувачот Гугл, а на фотографијата јасно се гледа знакот за копирајт и името на авторот.









Се надеваме дека овие докази се доволни и дека сопствениците на порталот Инфо Плус соодветно ќе реагираат, во интерес на авторот на фотографијата и почитувањето на авторските права воопшто.

© Chkrap! * 2012


Sanja Buterin - Street Stories

0 comments

Фотографии „Улични приказни“ на Сања Бутерин во Мала станица









Серијата “Street Stories” или “Улични Приказни” представува плод на неколку годишно фотографско творештво на авторката, која преку окуларот на нејзиниот објектив замрзнува специфични моменти од човековото секојдневие. Градовите и луѓето ѝ представуваат најголем предизвик и вечна инспирација. Затоа непрестано патувајќи истражува и ненаметливо со својата камера забележува човек во простор на кој таа го доживува околу себе.Преку графизам на светло и сенка со голем контраст ја потенцира тематиката, и на фотографиите истовремено им дава една безвременска димензија.

Повеќе фотографии тука

© Chkrap! * 2012


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!