Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Frank Zappa, фотографијата и едно размислување


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...



Сé е релативно, рекол А. Ајншајн. Исто така и фотографијата, велам јас.



Еве една фотографија која по многу ,,критериуми“ е лоша фотографија. Фотографиран е
екранот на мониторот на кој е прикажана некоја фотографија. Притоа тоа е направено
небрежно, без да се води сметка за композицијата, острината и сл. Згора на тоа, таму каде што е напишана пораката... е направен грозно лош ,,доџинг“.
Но, од руга страна, фотографијата, (мислам дека) има други квалитети. Наизглед небрежната постапка крие по малку ,,искосен“ поглед на тоа како треба да изгледа и што е тоа добра фотографија?
Но, кој е тој што ги определува критериумите? Фотографијата, како и животот,
не може секогаш да се стави во калап. Мислам дека оваа фотографија е спонтана, животна, лична. Ах, да, лична! Содржината пред формата! Содржината, (барем за фотографот) зборува многу. Таа, (фотографијата), е израз на неговите интереси, размисли, преокупации во моментот на снимањето, на крајот на краиштата. А тоа за некој фото-археолог од иднината и не е мала работа. Можеби во некој абстракт на некој Конгрес за фото-археолошките истражувања од иднината ќе пишува: ,,Некој, веројатно фотограф, Д.Неделчевски во 2010 година снимил фотографија (екран на монитор) која прикажува фотографија од одамна заборавен музичар (некој си Френк Запа и еден женски лик - според името и нашите сознанија се претпоставува дека таа пеела во неговиот бенд во далечната 1976 година...). Веројатно на фотографот многу му значел овој опскурен лик... итн. итн“.

Се прашувам: ,,Дали некогаш размислуваме какви сé приказни, ситуации во различни
контексти можат да се изродат од нашите притискања на на тоа волшебно копче на
фотоапаратот. ,,Чкрап!“, и ја збогатувате историјата на организираниот хаос. Попат, оставате и трага за своето минливо (но возбудливо) постоење... На некој начин сте креатор на сегашностa и иднината заробувајќи го минатото!
Фотографијата е навистина прекрасна забава! (како што кажа и Жак Анри Лартиг пред повеќе од стотина години).

© Chkrap! * 2010


0 Responses to “Frank Zappa, фотографијата и едно размислување”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!