1. ОГРАНИЗАТОРИзложбата е огранизирана од страна на Фото Кино Клубот „Козјак 50„
2. ПАРТИЦИПАЦИЈАИзложбата е отворена за секого; учество може да биде одбиенo, од страна на организациониот одбор, спонзорите или жирито, доколку сметаат дека фотографијата не ги исполнува условите и правилата дадени во пропозициите.
Фотографиите можат да бидат изменети, дигитално или на друг начин. Таквата фотографија би можела да биде примена, доколку во неа доминира уметничката фотографија. Со поднесување, учесникот докажува дека делото е негово и со тоа дозволува целото или било кој дел од делото да биде користено бесплатно за медиуми и било какви други потреби на изложбата, под ова се подразбира дека фотографиите можат да бидат објавени со ниска резолуција на веб страната. Органзаторите на изложбата не превземаат никаква одговорност за било какво злоупотребување на авторските права.
Партиципацијата за учество изнесува 15 евра или 20 долари пратени заедно со фотографиите.(За македонски автори партиципацијата изнесува 300 денари).
3. ТЕМИ НА ИЗЛОЖБАТАСлободна тема
Природа
4. БРОЈ И ИДЕНТИФИКАЦИИ НА ФОТОГРАФИИТЕЗа да земат учество на “Фото Салон Куманово 2010” авторите аплицираат со колор или црно-бели фотографии. Максимум број на фотографии е четири(4) по тема. Според правилата на FIAP за учествување на изложбата, на предната страна на фотографијата не смее да има никакви наслови или информации на авторот. Сите четири фотографии од авторот ке бидат презентирани на жирито одеднаш. Апликацијата и информации за контактирање мора да бидат напишани на еден од официјалните FIAP јазици.
Фотографиите се праќаат во дигитална форма во jpeg формат со минимални димензии 20х30 цм на 300 dpi. Името на секој дигитален документ (фотографија) мора да биде означено најпрвин со името и презимето на авторот, а потоа и редниот број на фотографијата, кое кореспондира со пополнетата апликација. Пример: imeprezime01.jpg; imeprezime02.jpg.
5. КАЛЕНДАР НА ИЗЛОЖБАТАКраен рок: 01.09.2010
Жирирање: 07.09.2010
Известување: 09.09.2010
Датум на отворање на изложбата: 01.10.2010 во галерија на град Куманово
Испраќање на каталози и награди на авторите до Декември 2010.
6. ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРАЌАЊЕ ФОТОГРАФИИФотографиите се праќаат во дигитална форма во jpeg формат со минимални димензии 20х30 цм на 300 dpi. Името на секој дигитален документ (фотографија) мора да биде означено најпрвин со името и презимето на авторот, а потоа и редниот број на фотографијата, кое кореспондира со пополнетата апликација. Пример: imeprezime01.jpg; imeprezime02.jpg. Фотографиите со апликацијата се праќаат на:
fkk_kozjak@yahoo.com
доколку авторит ги праќа фотографиите и апликацијата на компакт диск, заедно со партиципацијата, користете ја следнава поштенска адреса:
Фото Кино Клуб “Козјак 50”
Поштенски фах 33
1300 Куманово, Македонија
7. ЖИРИ1. Боро Рудиќ / КМ ФСМ
2. Цветан Гавровски / КМ ФСМ
3. Раша Милојевиќ / КМ ФСС, EFIAP, EsFIAP
8. НАГРАДИНа “ФОТО САЛОН КУМАНОВО 2010” ќе бидат доделени следнве награди:
1. FIAP златен, сребрен и бронзен медал за најдобра фотографија
2. FIAP златен, сребрен и бронзен медал за најдобра колекција
3. Шест (6) FIAP дипломи
4. FIAP злато, сребро и бронза за најдобра фотографија (природа)
5. Три (3) FIAP дипломи
6. “Живко Јаневски” најдобра life фотографија
9. КАТАЛОГСите автори (кои пратиле фотографии и платиле партиципација) ќе добијат каталог.
10. КОНТАКТ:Контакт: Г-Дин. Владимир Јовановски, е-mail: fkk_kozjak@yahoo.com
pdf апликација овде.
0 Responses to “5ти Меѓународен Фото Салон Куманово 2010”
Leave a Reply