Published петок, септември 25, 2009 by
Chkrap! | E-mail this post
Едвард Буртински е канадски фотограф. Предмет на неговиот интерес се промените во природата под влијание на индустријата. Неговите “индустриски“ пејзажи, снимени во третиот свет, но и во развиените западни земји, ги изработува во големи формати (до 150 цм). Тие се богати со детали и делуваат монументално. Тој на современ начин ги отсликува периодите низ кои минало човештвото: преку каменот, минералите, нафтата, транспортот, силиконот... Прикажувајќи ги нуспроизводите на современата цивилизација, Буртински ги поставува прашањата од животна важност во XXI-от век. Каде оди човештвото и до кога бесрамно ќе ја исцрпува планетата Земја во име на “напредокот“ и профитот?
На 29 септември 2009 година, со почеток во 20.00 часот, во ЦБЦ Лоја во Тетово, во организација на Фотокино клубот“Чкрап!“ преку фотографии и видео ќе ги запознае своите членови како и сите заинтересирани граѓани, со творештвото на Едвард Буртински и импликациите на неговите фотографии врз формирање на една нова еколошка свест...
0 Responses to “Edward Burtynsky - MANUFACTURED LANDSCAPES”
Leave a Reply