Мимоза Велиу, фотограф и член на Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово, неодамна се претстави со изложба на фотографии во Приштина.
Нејзиниот необичен, директен, на моменти шокантен, но истовреме и контемплативен начин на фотографирање и гледање на сето она што ја окружува, гледачот го става во улога на активен учесник во нејзиниот свет... Гледајќи ги нејзините фотографии, никој не размислува за техничките аспекти, за композицијата, за боите и контрастот. Тоа е затоа што нејзините фотографии пленат со својата животност, емотивност и ако сакате веднаш продираат во подсвеста на гледачот и тој е сосема обземен од нив...
0 Responses to “Мимоза ВЕЛИУ - “ДЕЛИРИУМ“ во Приштина”
Leave a Reply