Жирирање во Куманово
Published понеделник, октомври 06, 2008 by
Chkrap! | E-mail this post
Креативните дострели на фотографите кои се пријавија на Деновите на македонската фотографија - КУМАНОВО 2008 ќе бидат пресечени низ призмата на личните вкусови на членовите на жирито. Тоа ќе се случи во сабота, на 11 октомври 2008 година, со почеток во 10.00 часот, во Домот на културата во Куманово, пред очите на сите заинтересирани фотографи, критичари, новинари и граѓани. Ако на било кој начин сте поврзани со фотографијата, а уште повеќе ако сте конкурирале на оваа изложба, не го пропуштајте жирирањето. Можеби тоа ќе биде прилика уште еднаш да ги видите Вашите фотографии. А оние што ќе бидат по вкусот на жирито ќе ги видите на изложбата на 24 октомври 2008 година во Куманово.
De gustibus non est disputandum!
0 Responses to “Жирирање во Куманово”
Leave a Reply