Давор Спасоски - фотограф
Published недела, август 20, 2006 by
Chkrap! | E-mail this post
Давор Спасоски е фотограф и член на Фото кино клубот ТЕТОВО.
За кратко време од фотограф - ентузијаст израсна во вистински мајстор на современата фотогарфија.
За него допрва ќе се чуе, а во неговите фотографии уживаме веќе неколку години. Префинет, со високо изградено (и вродено) чувство за суштинските елементи на (современата) фотографија, тој на маестрален начин ги соединува своите големи технички познавања и естетското во фотографијата.
Своето кратко туристичко патување во Минхен летово, Давор го претвори во едно мало фотографско истражување. Цел на неговиот објектив не беа општо познатите визури на Минхен, туку едно интимно доживување на градот. Големината, урбаната совршеност, ритамот на градот, па и осаменоста на човекот, се предмет на неговиот објектив.
форма...
ритам...
човек...
Фотографии © Давор Спасоски 2006
Photographs © Davor Spasoski 2006
Ja kako recenzent na grupava moram da kazem nesto. Tocno pet minuti pred da gi vidam fotografiite na Davor eve sto procitav vo edna kniga (citiram) : "Ako im recete na vozrasnite: "Vidov edna ubava kuca so rozovi tuli, so geraniumi na prozorcite i so gulapcinja na pokrivot...", tie nema da uspeat da ja zamislat takvata kuca. Treba da im se rece: "Vidov edna kuca od sto iljadi franka". E togas tie ce se razvikaat: "Kolku ubava kuca".
izvadokov e od Maliot Princ na Egziperi i odma go povrzav so ona sto go rece Dragi i toa kako gleda eden fotograf. Ogromna sreca e za Davor sto ima i oci na dete, sto go odvojuva od svetot na vozrasnite i go pravi da bide EDEN OD MALKUTE DOBRI FOTOGRAFI na OVOJ SVET.