0
comments
Published петок, мај 25, 2012 by
Chkrap!.
Почитувани пријатели,
На 26. мај 2012 (сабота) со
почеток во 18:00 часот во
Кинотека на Македонија, ве покануваме на предавање на тема „Фотографијата пред
Дагер“ кое ќе го одржи проф. др. Душан Стулик од Институтот за конзервација
ГЕТИ од Лос Анџелес - САД.
Многу историчари на уметност кои ја обработуваат
фотографијата, почетокот на фотографијата го сместуваат во 1839 година, кога
Луј Манде Дагер го обзнани пронаоѓањето на дагеротипијата. Иако Дагер ја има
заслугата за пронаоѓање на првиот комерцијално успешен фотографски процес, тој
не може да се поврзе со првата идеја за фотографија ниту пак со првата
фотографска слика.
Со ова предавање професор Стулик ќе се осврне на
предисторијата на фотографијата, оценувајќи го притоа придонесот на оние
научници и филозофи кои со својата работа го овозможиле создавањето на овој
медиум. Посебен акцент ќе биде ставен на работата на Жозеф Нисефор Ниепс како
творец на првата сочувана фотографија во светот. Истовремено, со предавањето ќе
биде опфатено и последното истражување на Институтот за конзервација ГЕТИ, со
кое се откриени многу значајни факти за работата на Ниепс и Дагер, факти кои го
менуваат нашето поимање на историјата на фотографијата.
Ве очекуваме.
Поздрав,
МЦФ
© Chkrap!*2012