Фтографии на Чаба Баркоци
Published четврток, октомври 13, 2011 by
Chkrap! | E-mail this post
Во петок, 14. октомври 2011, со почеток во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена изложба на фотографии на унгарскиот фотограф Чаба Баркоци. Изложбата опфаќа 30 фотографии со кои авторот ни ги претставува централните теми на неговиот истажувачки интерес: птиците, природата и луѓето.
Чаба Баркоци е роден во 1975 година. Со фотографија интензивно се занимава од средината на 90-тите. Во 2007 година ја добива првата награда на “International Wild bird Photographer Awards 2007”.
Изложбата ја организира Македонскиот центар за фотографија во соработка со Националната галерија на Македонија и Амбасадата на Република Унгарија во Скопје.
Изложбата на фотографии е дел од програмата на „Унгарска есен во Скопје“ – дводневно претставување на унгарската култура во Македонија.
© “Chkrap!” * 2011
0 Responses to “Фтографии на Чаба Баркоци”
Leave a Reply