Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Моника МОТЕСКА & Majlinda HOHXA - PHOTOGRAPHS


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





Во рамките на СКАРДИНА ФЕСТ - Денови на Културата во Тетово, 26 Септември - 1 Октомври 2011, во организација на ЦБЦ ЛОЈА од Тетово (и некои други - амбасади, НУ, НУЦК и сл.), на 27 септември 2011 година во убавиот галериски простор на ЛОЈА имавме ретка прилика да видиме фотографии од две дами кои со својот силен авторски печат на тетовската публика им покажаа делче од тоа што значи светска современа фотографија.

Моника Мотеска е уметник од Скопје, а Мајлинда Хоџа е фотограф од Приштина.









































На блогов, за историја нека остане размислувањето на аналитичарот Артан САДИКУ од Тетово, за тоа каде се наоѓа културата во Тетово и Тетово во културата во овој, веќе поодминат XXI век...

"Скардина Фест" му го овозможува на граѓанинот правото на град. Тетово денес е град заложник на политичките, етничките и традиционалните антагонизми кој ризикува да стане неупотреблив за неговите граѓани во неговиот суштински урбан концепт. Во оваа аморфна состојба на аполитичка, акултурна и антиурбана спонтаност Скардина фест прави пресек во вид на интервенција со цел прекинување на континуитетот на апатијата на односот град-граѓанин.
Во деновите што следат, уметничките дела ќе се вбризнат во потенцијалните културни чворови на градските вени, каде од културните точки па се до тротоарите граѓанинот на Тетово ќе може да го реализира неговото негирано урбано право. Разноликоста на уметничките дела кои овој фестивал во следниве денови ќе ги 'истури' по тетовските улици истовремено ќе ги испони со содржина градските културни точки, кои во тетово постојат, но ретко се ексцитираат.
Настанот Скардина Фест не е подобно да го наречеме иницијатива, таа е секогаш веќе граѓанска акција, интервенција која и естетска во смисла на преуредување на антиурбаните девијации во градот ни и политичка во смисла на редефинирање на она што се подразбира како урбано во овој град. Овој фестивал истовремено протестира два аспекта, го протестира граѓанинот преку самиот граѓанин кој се спротивставува на неговиот акомодиран концепт во уметничко некомотното Тетово, а истото го протестира и градот преку промовирање на град гој се воздигнува на ниво на атрибутот на самото негово именување како град.
Скардина фест започнува на 26 Септември а ќе трае се додека граѓаните ма Тетово ќе го бараат нивното право на градот, се додека ќе истраеме во нашето верување дека улиците на овој град можат да не носат кон преродени културни точки во нашиот град и се додека ќе сакаме да ги задржиме нашите тротоари исполнети со настани и луѓе кои зборуваат едни со други како граѓани.

Артан Садику

Фотографии од изложбата © Драги Неделчевски од Чкрап! * 2011


0 Responses to “Моника МОТЕСКА & Majlinda HOHXA - PHOTOGRAPHS”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!