Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






40. Државен фестивал на непрофесионален филм
КИЧЕВО 2011

Фестивалот ќе се одржи од
20-21.05. 2011 година во Кичево.

Организатори

Кино сојуз на Македонија
Народна техника на Македонија
Народна техника - Кичево
Спомен дом на култура "Кочо Рацин" Кичево

Услови за учество

Право на учество имаат сите филмски автори од Република Македонија, членови на клубови, самостојни автори или групи.

На фестивалот можат да бидат пријавени филмски остварувања на ДВД.

Пријавените филмови можат да бидат од следните жанрови:
Документарен филм
Краток игран филм
Експериментален филм
Анимиран - цртан филм
Едноминутен филм - краток филм од било кој жанр, освен музички и рекламен спот во траење до 60 секунди

Филмови кои учествувале во официјална конкуренција на изминатите државни фестивали нема да бидат земени предвид за учество на фестивалот.

Пријави

Секој автор што испраќа филм за учество на фестивалот треба да пополни пријава, да го прегледа филмот и неговата техничка исправност.
Филмот треба да биде опремен со шпица на која точно се назначени авторите и другите соработници во филмот.
Шпицата да биде на македонски јазик и на еден од трите официјални јазици на УНИЦА (англиски, германски, француски)
Секој автор или клуб има право да испрати неограничен број на филмови.

Важно: Секој филм треба да биде снимен на посебно ДВД и да биде спакуван во соодветна опаковка
Ве молиме пријавите да бидат целосно пополнети.

Краен рок за прием на филмовите е
10. 05. 2011 година, а се доставуваат на адреса:

Кино сојуз на Македонија
П.фах 14
1000 Скопје
Тел. 02 3238 357
Жирирање
Жирирањето ќе се изврши на 12. 05. 2011 година во Скопје.
Сите пристигнати филмови ќе бидат прегледани од стручно жири.¬¬¬
Технички неисправните филмови нема да бидат земени предвид за жирирање.
Жирито ќе работи по правилникот за фестивали и ревии на Кино сојузот на Македонија.
Жирито донесува конечна одлука за наградите.

Жирито прави селекција која ќе биде прикажана на фестивалот на УНИЦА.


Награди и признанија
На фестивалот ќе се доделат награди предвидени според Правилникот на КСМ за организирање на фестивали и ревии.

Завршни одредби
Со цел да се сочува аматерската филмска продукција филмовите снимени на ДВД ќе останат во КСМ доколку авторот не нагласи во пријавата барање за враќање на филмот.

Поради тоа што дел од филмовитеќе ја претстевуваат Република Македонија на Светскиот фестивал УНИЦА 2011, Ве молиме филмовите да бидат спакувани во соодветно дизајнирани опаковки на кои што ќе бидат напишани основните податоци за филмот и авторите.


© Chkrap * 2011





Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во државава. Оваа година ќе се одржат по 49ти пат. Во рамките на оваа манифестација ќе се одржи и конкурс за младинска изложба (за автори и авторки до 21 година) и фото школа.
Организатор на изложбата и на фото-школата е Фото сојузот на Македонија.
Приредувач на Денови на македонската фотографија 2011 е град Гевгелија

П Р О П О З И Ц И И
Тема: Tемата на изложбата е слободна.
Трудови: На изложбата ќе се примат црно-бели и колор фотографии, максимум 6 фотографии по автор.
Димензии: На изложбата нема да се примат фотографии помали од 20х30 cm, ниту пак фотографии поголеми од 30х45 cm. Фотографиите можат да бидат залепени на паспарту не поголемо од димензијата на стандардните рамки на Фото сојузот – 40х50 cm.
Идентификација: На задниот дел од секоја фотографија треба да се назначат податоците според Правилникот за изложби на ФСМ: име и презиме на авторот, наслов, фото клуб, адреса и звање во ФСМ, доколку авторот го има.
Учество: Право на учество на изложбата имаат сите граѓани на Република Македонија, членови на клубовите при Фото сојузот на Македонија, самостојни автори членови на Фото сојузот, како и сите други фотографи. На младинската изложба може да учествуваат автори до 21 година.
Котизација: Членовите на Фото сојузот не плаќаат котизација, а сите останати автори заедно со своите дела треба да приложат 200 ден. За членови на Фото сојуз на Македонија се сметаат сите автори кои платиле годишна чланарина во Фото сојуз за 2011 г. Сите останати автори со своите фотографии треба да приложат 200 ден., или да уплатат 200 ден. на жиро сметка: 300000000300833, Комерцијална банка, со цел на дознака Денови на македонската фотографија. Во пакетот со фотографии уплатницата мора да се приложи, во спротивно фотографиите нема да бидат примени.

Жири:
Душко Јовановски (КМФ ФСМ);
Душан Доцевски (Ф1 ФСМ) и
Александар Кондев (Ф1 ФСМ)

Награди:
Прва, втора и трета награда за колекција на фотографии;
Прва, втора и трета награда за поединечна фотографија;
Три дипломи за колекција на фотографии и
Три дипломи за поединечна фотографија
Календар:
Краен рок за прием: 5.05.2011
Жирирање: 09.05.2011
Резултати (http://www.fotosojuz.mk) 20.05.2011
Отворање на изложбата: 28.05.2011
Враќање на фотографиите: 30.06.2011
Адреса: Делата со пополнета пријава, како и уплата за котизација со назив ЗА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2011, да бидат доставени на адреса: Градски ѕид, Блок 5, Поштенски фах 14, 1000 Скопје.
Забелешка: Фотографиите кои учествувале на претходните ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА нема да бидат жирирани. Организаторот го задржува правото на репродукција на примените фотографии за потребите на изложбата. Авторите гарантираат за авторството на користениот материјал. Секоја злоупотреба на авторски права е на лична одговорност на авторот.

Повеќе на www.fotosojuz.mk


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!