Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Неделчевски и Андонов - Изложба на фотографии

0 comments





Леора Кан, американската активистка

0 comments

press to exit project space и Македонскиот центар за фотографија ве покануваат на презентацијата
ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА КАКО СРЕТСТВО ЗА СОЦИЈАЛНИ ПРОМЕНИ
од Леора Кан, американската активистка за човекови права и фото уредник



Презентацијата ќе се одржи во четврток, 18. јуни 2009 година, во 20 часот во просториите на Македонски центар за фотографија кој се наоаѓа во Мултимедијален центар “Мала станица” на ул. Железничка бр. 18, Скопје.


Кан ќе зборува за човековите права како алатка за социјални промени и употребата на документаристичката фотографија како медиум во овој процес.Во презентацијата таа ќе се осврне на нејзините најнови проекти како што е публикацијата Деца војници во која Кан се појавува како главен уредник и е издадена од реномираната издавачка куќа Power House Books од Њујорк.

Фокусот во Деца војници се личните приказни доловени од фотографи и писатели од целиот свет. Книгата го истражува времето на децата поминато како борци, како и процесот на демобилизација и рехабилитација. Во публикацијата се претставени фотографиите на Тим Хартингтон од Либија, делото на Роџер Лемојн и Цедрик Гербехеј од истражувањето во Конго, серијата фотографии на Ами Витале која ги прикажува децата во маоистички регрути во Непал, како и фотографии од Бурма, Колумбија, Шри Ланка, Авганистан и Палестина.

Леора Кан е оснивач на невладината организација Proof: Media for Social Justice, чија мисија е да го подигне нивото на свесност за проблемите со кои се соочува населението во пост-конфликтните општества и да поттикне социјални промени преку употреба на фотографија и зборови. Кан работела како директор на фотографија во Workman Publishing and Corbis, а моментално е инволвирана во проекти низ целиот свет преку нејзината работа во Amnesty International, Participant Films, и Karuana центарор за градење мир. Во 2007 година издавачката куќа Power House Books ја издаде книгата Дарфур: 20 години војна и геноцид во Судан во која Кан се појавува како главен и одговорен уредник во изготвувањето на оваа значајна публикација. Таа исто така ја курираше и придружната изложба која ќе биде претставена оваа година ширум САД во соработка со Хјустон холокауст музејот. Моментално Кан работи на изложба во Руанда која се однесува на Хуту спасувачите за време на геноцидот.

За подетални информации ве молиме да не контактирате на:
presstoexit@on.net.mk
+389-75-299-879/889

Со почит,
тимот на press to exit project space team


Ангажман во Естетиката

0 comments



Со оваа звучна тема (или така некако), на 11 Јуни 2009 година, во Мултимедијалниот центар Мала станица во 20:00 часот Македонскиот центар за фотографија во соработка со Националната галерија на Македонија и Локомотива - центарот за нови иницијативи во уметноста и културата организираа предавање кое го одржа францускиот фотограф Емануел Лис, кој се осврна на неговите досегашни проекти во областа на документарната фотогафија.

Како што не може секое притискање на чкрапецот да значи дека ќе добиеме добра фотографија, така и организаторите имаат право да утнат и по некое предавање за фотографија. Со оглед на тоа дека фотографскава сцена во државичкава во последно време малку се раздвижи и има се повеќе настани врзани за и околу фотографијата, ќе мора да се помириме и со понекоја утка.

Но, настанов беше убава прилика да се сретнат старите (и новите) пријатели - фотографи и да си поразговараат.



Инаку, со океанографот кој патува по светот и си фотографира се е во ред. Оди по егзотични места, “зема“ фотографии (taking pictures) и, еве имавме прилика да ги чуеме и неговите коментари за тоа како тие се снимени, што му значат нему, зошто смета дека се добри итн. итн.
Неопределен докрај да ли да биде фотограф или океанограф-етнолог - таков впечаток и остави - неопределен.

Нејсе. Некој спомна ангажман? Естетика? Или така некако...



© Chkrap! * 2009


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!