Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Рековме состанок, и би состанок!


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





Со масовно присуство од дури 4 (четири) членови од Чкрап! беше одржан состанокот на Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово. Благодарение на љубезноста на пријателите од ЦБЦ ЛОЈА од Тетово, во пријатен простор се разви дискусија за обемниот “Дневен ред“ од дури 21 прашање...
Се донесоа судбински одлуки со чие спроведување фотографијата во Тетово (а и пошироко) никогаш повеќе нема да биде иста!
Другите 30-ина членови на “Чкрап!“, кои во време на одржувањето на состанокот имаа попаметна работа, за одлуките ќе бидат известени преку “Зборникот на одлуки“ што ќе биде отпечатен во 265.000 примероци и продаван по промотивна цена од 63,7 евра...

Во прилог, еве го т.н. Дневен ред.


10 мај 2009 година, Тетово
Фотокиноклуб “Чкрап!“ – Тетово
Средба на членовите

ДНЕВЕН РЕД
(Прашања кои си ги поставуваме и на кои би било убаво да одговориме)

1. Што се случува со “Чкрап!“ во 2009 година?
2. Да ли сакаме да го имаме “Чкрап!“?
3. Во која насока (насоки) би можело или би сакале да оди “Чкрап!“?
4. Да ли “Чкрап!“ ги задоволува потребите (не, малку или целосно) на членовите?
5. Да ли “Чкрап!“ се чувствува како нешто свое, специфично и оригинално од страна на членовите, или не? Ако не, зошто и што може да се направи? Ако да, тогаш како да се унапреди “Чкрап!“?
6. “Чкрап!“ и Фото сојузот на Македонија.
7. “Чкрап!“ и другите фото клубови во Македонија.
8. “Чкрап!“ во Тетово.
9. Поединечни активности (успеси) на “Чкрап!“ надвор од Тетово
10. Изложби на членовите на “Чкрап!“ (планирани, остварени, идеи)
11. Интернет презентацијата на “Чкрап!“ сегашна (бедна) состојба и како да се поправи?
12. Финансирање на “Чкрап!“.
13. Придонес на членовите во активностите на клубот.
14. Каква е меѓусебната комуникација на членовите на клубот?
15. Кои се следните работи (обврски) на “Чкрап!“ во теков на годинава?
16. Заеднички и самостојни изложби на “Чкрап!“ во 2009 година.
17. Заедничко учество на меѓународни конкурси за фотографија? Да или не?
18. Идеи за нови проекти (печатење разгледници, книги со фотографии, постери...)
19. Да ли има потреба од одржување на некаква работилница (курс, семинар) за фотографија со предавачи кои не се од “Чкрап!“?
20. Прибирање на докуметарен материјал за сите активности на “Чкрап!“
21. Разно...


I didn't choose photography.
Photography chose me.

***

© Chkrap! 2009

Links to this post:

<\$BlogItemBacklinkCreate\$>


0 Responses to “Рековме состанок, и би состанок!”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!