Во најновиот број на “неделникот за паметни и модерни“ (како што самите се претставуваат во импресумот),
ТЕА МОДЕРНА, е објавен разговорот со Дарко Петровски – претседател на Фотоклубот ЕЛЕМА од Скопје, што со него го направила извесна Ивана Тасев.
Повод - најновото издание на меѓународното фотографско биенале – ФОТОМЕДИА 2008 што ќе се одржи во Скопје деновиве.
За неупатените – еве уште еден прилог во најновата ТЕА за “културните“ случувања во Скопје.
За упатените - четиво кое остава по малку горчлив вкус во устата.
Се прашувате – ЗОШТО?
За неупатените - фотографијата во Македонија, (и покрај големиот бум што го доживува последниве години), е сеуште егзотична “занимација“ за посветените, а кратенката ЕЛЕМА уште поегзотична.
За упатените – Д.П. тврди дека “ЕЛЕМА е еден од најстарите клубови во државава и единствен кој сé уште активно функционира... (sic!), (Во Македонија фотографската сцена последниве години е доста раздвижена. Се појавија нови фотоклубови:
“Чкрап!“ од Тетово, “Црно и Бело“ од Кавадарци,
“Фотографика“ од Скопје, фотоклубот “Козјак“ од Куманово е исто така активен, се појавија нови начини, активности, фотографи и организации кои ја промовираат фотографијата...), па, понатаму Д.П. вели дека од 2006 година ЕЛЕМА започна една традиција на годишна клупска изложба каде што фотографите од ЕЛЕМА ќе ги прикажат делата од тековната година...“, (Фотокино клубот “Чкрап!“ уште од
2004 година организира годишна изложба на своите членови...)
Досега (во фотографските кругови) теоретизиравме дека фотографијата – лаже! Но, еве гледаме дека понекогаш и фотографите – лажат!
Едно не ми е јасно. Во ЕЛЕМА има еден куп одлични, добри фотографи посветени на фотографијата. Фини, пријатни дечки. Од каде тогаш желбата да се биде по секоја цена прв, единствен и најдобар клуб во Македонија? *
*ЕЛЕМА, фотоклубот кој е соорганизатор на ФОТОМЕДИА 2008 (заедно со Фото сојузот на Македонија), даде член на жирито на ФОТОМЕДИА. ЕЛЕМА, освои еден куп награди на оваа иста ФОТОМЕДИА. (Веќе видено во Куманово на “Денови...“)
Браво!
Драги Неделчевски, претседател на Фотокино клуб “Чкрап!“ од Тетово
test