Дискусии за резолуцијата
Published недела, ноември 26, 2006 by
Davor Spasoski | E-mail this post
Дали се сеќавате колку пати сте се сретнале со прашањата: Колкава резолуција е потребно да се има за да се испечати толку и толку голема фотографија? Дали барањата ви изгледале преголеми? Дали сте помислиле дека многуте мегапиксели со кои располагате не ви се доволни? Од кое растојание да се набљудува фотографијата за да не се забележи недостаток на детали?
Во повеќе наврати и во ФКК Тетово паднало збор за ова, но секогаш останал впечатокот на недореченост и енигматичност. Всушност се работи за поврзани вредности. Овој проблем сум го дискутирал и со мојот почитуван колега по професија и хоби Петар Чичев.
Тој ја зачна идејата за дефинирање на вредностите преку агол на посматрање. Се работи всушност за аналогијата со проектирање на слика (нпр. слајд). Колку голема може да биде сликата која се проектира? Произволно голема. Но ќе треба да се оддалечиме за да ја видиме во целост. Аголот на проекција (набљудување) останува ист. За да не ве замарам со тригонометрија, изработив калкулатор во MS Excel кој го имате на линкот:
http://www.apfelypsilon.de/RezKalk.xls. Ќе ви даде одговор на горните прашања.
Chkrap!
0 Responses to “Дискусии за резолуцијата”
Leave a Reply