0
comments
Published петок, ноември 22, 2013 by
Chkrap!. 
Со
задоволство ви ја претставуваме првата државна изложба
на фотографии во
организација на
ФК Елема. Бројни се мотивите
за ваквиот чекор. Од една страна, се поголем е
бројот на дигитални
изложби,
цената за учество на нив од година во година расте
а квалитетот, за жал, кај
најголем број од
нив опаѓа, што доведува до
масовна девалвација на медиумот со кој креативно се
изразуваме.
Една
причина зошто ја организираме оваа изложба е да дадеме
уште една можност
на македонските
автори и авторки да се претстават
на домашната сцена и тоа без големи
издатоци.
***
Исто
така, сметаме дека на наша та фотографска сцена има простор
и и требаат нови случувања,
и фали раздвижување и динамика.
Така, и на едно симболичко ниво и изложбата е
посветена на темата движење.
Изложбата е наречена меѓуклупска, по долги
разговори на
клупските
состаноци на кои не е најден посоодветен назив, а овој реферира
на бројните такви
во осумдесеттите години на минатиот век кога авторската
фотографија беше во
полн процут.
Во
секој случај, изложбата е отворена за сите државјани на Република Македонија.
Ги
очекуваме вашите фотографии.