Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Промоција на книгата ВРЕМЕ НА ИГРИ И СОНИШТА


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...






На 21 декември во 20 часот во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоцијата на книгата ВРЕМЕ НА ИГРИ И СОНИШТА (аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011 година) на Илинденка Петрушева. Промотори на книгата се проф. д-р Јелена Јужина и проф. д-р Иван Џепаровски.
Истиот ден, Кинотеката одбележува и еден убав јубилеј – а тоа е 30 години од појавата на првата филмолошка книга во Македонија – книгата Филмот и политичкото од Томислав Османли (Млад борец, 1981). По тој повод, со отворена дискусија во форма на Тркалезна маса ќе се проговори за филмската публицистика и состојбите со филмолошката литература кај нас. Тркалезната маса ќе се одржи на 21.12.2011 (среда), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Кинотеката на Македонија.
Својата нова книга Илинденка Петрушева ќе ја почне со: Најголемата моја лудост од мали нозе беше – филмот!
А зависник од аматерскиот филм – од денот кога стапнав во Академскиот киноклуб и кога дома цели денови со Хуан Карлос развивавме (во дозни) 8мм филмски ленти – колор, Фераниа. И потоа монтиравме! Потоа со љубопитство го следев она што го создаваа филмските аматери, пишував за нив, помагав колку што можев. И бев опседната со идејата што повеќе аматерски филмови да бидат прибрани во Кинотеката на Македонија, да бидат заштитени. Оти – и аматерскиот филм е дел од културното наследство. Александар Кондев беше првиот што ги предаде своите филмови, Зоран Младеновиќ-Окан ја предаде личната архива документи, потоа академците предадоа дел од филмскиот опус на АКК, од КК „Камера 300” беа прибрани остатоците од некогашната архива, Кино-сојузот на Македонија ја депонира својата архива, а Раде Ристевски, Стефан Сидовски и Петре Чаповски ги депонираа своите филмови, фотографии…
Во периодот од 1935 година па сѐ до 2011 година, во Македонија, според досега достапните извори, се регистрирани 1835 аматерски филмови коишто претставуваат вистинска ризница на филмски сведоштва за времето во кое биле создавани - ќе забележи Илинденка во својата исцрпна анализа на аматерскиот филм во Македонија. И како составен дел од ова обемно дело ќе ја приложи и сета оваа филмографија со 1835 филмографски единици.
Во својата книга Илинденка Петрушева помеѓу другите им се заблагодарува на: Сите филмски аматери без чии дела немаше да ја има оваа книга или како што вели Сидо: „Она што не е запишано како да не постоело”; и заклучува дека: Аматерскиот филм кај нас живее и се развива (наспроти сѐ) – како игра, како сон, како љубов… И се движи како брановите…
ИЛИНДЕНКА ПЕТРУШЕВА: Филмски критичар, публицист, советник-филмолог. Родена во 1944 година, школување во Скопје и Загреб. Со филмска критика се занимава од почетокот на седумдесеттите години од минатиот век, објавувајќи филмски рецензии и есеи во Филм-фокус, Вечер, Културен живот, Денес, Премин и во други домашни и странски списанија. Во повеќе мандати била претседател на Кино-сојузот на Македонија, а во периодот 1977-1979 е Генерален секретар на Сојузот на филмските критичари на поранешна СФРЈугославија. Таа е еден од иницијаторите за востановување на Фестивалот на филмската камера во Битола. Во 1974 година е еден од основачите на Кинотеката на Македонија.
Работи на историографските истражувачки проекти Кинематографијата во Македонија (1897-1945) и Аматерскиот филм во Македонија. Соработувала во тимските проекти Векот на филмот во Македонија (издание на Кинотеката) и Сто години филм во Македонија (издание на ИФФК „Браќа Манаки”). Главен и одговорен уредник на списанието Кинопис. Учесник е на бројни домашни и странски научни симпозиуми. Соработувала во изготвувањето на Филмската енциклопедија на Лексикографскиот завод Мирослав Крлежа од Загреб, на Македонската енциклопедија, проект на МАНУ и на повеќе енциклопедиски изданија на издавачот Детска радост. Редактор е на изданието Фотографијата и филмот на почвата на Македонија (16-та книга од макропроектот “Историја на културата на Македонија”, МАНУ, Скопје, 2007).
Автор е на книгите: Филмолошка библиографија 1944-1954, Филмографија на македонскиот аматерски филм 1935-2000 и Сонце на дирек-мали приказни за македонските филмски сонувачи.

© Chkrap!*2011


0 Responses to “Промоција на книгата ВРЕМЕ НА ИГРИ И СОНИШТА”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!