Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2010


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...



ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2010
Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во државава. Оваа година ќе се одржат по 48-ми пат. Во рамките на оваа манифестација ќе се одржи и конкурс за младинска изложба (за автори до 21 година) и фото школа.
Организатор на изложбата и на фото-школата е Фото сојуз на Македонија.
Приредувач на Денови на македонската фотографија 2010 е град Кавадарци.

П Р О П О З И Ц И
1. Тема: Tемата на изложбата е слободна.
2. Трудови: На изложбата ќе се примат црно-бели и колор фотографии, максимум 6 фотографии по автор.
3. Димензии: На изложбата нема да се примат фотографии помали од 20х30 cm, ниту пак фотографии поголеми од 30х45 cm. Фотографиите можат да бидат залепени на паспарту не поголемо од димензијата на стандардните рамки на Фото сојузот – 40х50 cm.
4. Идентификација: На задниот дел од секоја фотографија треба да се назначат податоците според Правилникот за изложби на ФСМ: име и презиме на авторот, наслов, фото клуб, адреса и звање во ФСМ, доколку авторот го има.
5. Учество: Право на учество на изложбата имаат сите граѓани на Република Македонија, членови на клубовите при Фото сојузот на Македонија, самостојни автори членови на Фото сојузот, како и сите други фотографи. На младинската изложба може да учествуваа автори до 21 година.
6. Котизација: Членовите на Фото сојузот не плаќаат котизација, а сите останати автори заедно со своите дела треба да приложат 200 ден. За членови на Фото сојуз на Македонија се сметаат сите автори кои платиле годишна чланарина во Фото сојуз за 2010 г. Сите останати автори со своите фотографии треба да приложат 200 ден., или да уплатат 200 ден. на жиро сметка: 300000000300833, Комерцијална банка, со цел на дознака Денови на македонската фотографија. Во пакетот со фотографии уплатницата мора да се приложи, во спротивно фотографиите нема да бидат примени.
7. Жири: Цветан Гавровски (КМФ ФСМ), Боро Рудиќ (КМФ ФСМ) и Душко Јовановски (КМФ ФСМ)
8. Награди: - Прва, втора и трета награда за колекција на фотографии;
- Прва, втора и трета награда за поединечна фотографија;
- Три дипломи за колекција на фотографии и
- Три дипломи за поединечна фотографија

9. Календар: - Краен рок за прием: 01.10.2010
- Жирирање: 09.10.2010
- Резултати (www.photosojuz.mk) 12.10.2010
- Отворање на изложбата: 23.10.2010
- Враќање на фотографиите: 30.11.2010

10. Адреса: Делата со пополнета пријава, како и уплата за котизација со назив ЗА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2010, да бидат доставени на адреса: Градски ѕид, Блок 5, Поштенски фах 14, 1000 Скопје.
11. Забелешка: Фотографиите кои учествувале на претходните ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА нема да бидат жирирани. Организаторот го задржува правото на репродукција на примените фотографии за потребите на изложбата. Авторите гарантираат за авторството на користениот материјал. Секоја злоупотреба на авторски права е на лична одговорност на авторот.
12. Контакт: Дарко Петровски, 078 478 476, darko@nova.edu.mk
ФОТО ШКОЛА ВО С. ВАТАША, КАВАДАРЦИ

Фото сојуз на Македонија ги поканува сите заинтересирани млади автори од целата земја да се пријават на Фото школата во с. Ваташа која ќе трае од 22. до 24. октомври 2010 година, а во рамките на манифестацијата Денови на македонската фотографија 2010. На Фото школата можат да се пријават максимум 18 курсисти, бидејќи капацитетите на манастирскиот комплекс се ограничени.
Се покануваат и сите фотографи од Македонија, поклоници на убавото, природата и разговорот – да дојдат во с. Ваташа наутро, во сабота, 23. октомври на едно големо заедничко дружење и снимање, со што би се придружиле на младите учесници на фото-школата. Фото сојуз на Македонија ќе обезбеди ручек и пијалок за сите присутни! Сите заедно потоа би отишле на отворањето на изложбата Денови на македонската фотографија 2010.


Услови за пријавување на фото школата:
- Учество: бесплатно, максимален број на курсисти - 18
- Авторот да е на возраст од 15 до 22 години;
- Да испрати лични податоци (име, адреса, контакт) на адреса: info@fotosojuz.mk;
- Да испрати 5 фотографии (со екранска резолуција) на адреса info@fotosojuz.mk, врз основа на кои би бил избран за учесник на Фото школата.
- Краен рок за пријавување: 1. октомври


Предавачи на оваа фото школа ќе бидат:

- Цветан Гавровски, КМФ при ФСМ и офицер за врска со ФИАП;
- Боро Рудиќ, КМФ при ФСМ и претседател на ФСМ;
- Раде Луковиќ, Ф1 при ФСМ;
- Александар Кондев, професионален фотограф;
- Владо Арсовски, професионален фотограф;
- Дарко Петровски, предавач по фотографија во НОВА Меѓународни училишта








ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2010

П р и ј а в а
ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРОТ

Име
Презиме
Звања во ФСМ

Адреса

Град
e-mail, WEB

ПОДАТОЦИ ЗА ФОТО КЛУБОТ

Име

Адреса

Град
e-mail, WEB

ИМИЊА НА ФОТОГРАФИИ
1.
2.
3.
4.
5.
6.








Со својот потпис авторот гарантира дека приложените податоци се точни и дека се согласува со пропозициите на Изложбата.
Потпис на авторот:

Испраќач:
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________


- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -


Прима:
ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2010
ФОТО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
Градски ѕид, Блок 5,
Поштенски фах 14,
1000 Скопје

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -


ФОТОГРАФИИ ЗА ИЗЛОЖБА
БЕЗ КОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ
НЕ ПРЕВИТКУВАЈТЕ

Links to this post:

<\$BlogItemBacklinkCreate\$>


0 Responses to “ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2010”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!