Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Изложба на Театарска Фотографија

0 comments



Што им е заедничко на театарот и фотографијата?
На прв поглед – ништо!

Живиот збор на артистот наспроти отпечатокот на фотографијата на парче хартија.
Моментната комуникација меѓу артистите и публиката наспроти одложеното “консумирање“ на фотографијата. Артистите се експонираат пред публиката, фотографот со својата тивка камера е незабележлив. Со спуштањето на завесата театарската магија завршува. Со притискањето на чкрапецот на фотокамерата фотографската магија започнува... Вековната историја на театарот наспроти “само“ 180 години фотографија... Би можел да набројувам уште долго. Но, работите не се никогаш такви како што изгледаат на прв поглед. Театарот и фотографијата имаат многу заеднички нешта. Играта на светлината и сенките, композицијата, потенцирање на важното, елиминација на небитното, кулминација на дејството (решавачкиот момент во фотографијата), личната интерпретација на делото (моментот), авторскиот пристап подеднакво во тетарот и во фотографијата...
Самир Љума, фотограф од Тетово, еден од основачите на Фотокино клубот “Чкрап!“ од Тетово, во помладите години и артист – аматер, виртуозно ги пронаоѓа заедничките елементи во театарот и фотографијата. Ги сака и театарот и фотографијата. Има чувство за волуменот на сцената, но и за експресијата на најмалиот мускул на лицето на артистот. Веднаш ги препознава елементите кои се визуелно атрактивни (костимографија, сцена, артистичка експресија...), кои потоа ги акцентира во своите фотографии. Вешто го користи светлото да ги истакне клучните моменти. Во “бресоновски“ манир има чувство за решавачкиот момент и снима кога дејството на артистите постигнува кулминација... Кога сликите од претставата ќе почнат да исчезнуваат, фотографиите ни ги враќаат сеќавањата. Самир Љума со своите фотографии се погрижи во сеќавање да ни се вратат тие слики на најдобар можен начин.
Драги Неделчевски, април 2008, Тетово

Убранизацијата и глобализацијата на нашиот свет донесоа нов „сенс“ за место, нова идеја за тоа како ние го дефинираме домот , нашата прибежничка зона во урбанизираната реалност. Делата на Самир Љума нудат бегство од оваа реалност, засолниште од суровото опкружување од челик, бетон и асфалт. Прашањето е дали Ние можеме да се спротивставиме на сето ова?
Барајќи излез, свое сопствено засолниште, Љума „лови“ интимни “прозорци“ од нереалниот свет за кој ние сонуваме и во кој можеме да влеземе само ако ги оставиме нашите грижи, конфузии и хаос зад нас.
Евица Тасеска – кустос на изложбата


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!