Фестивал на непрофесионален филм - Куманово 2007
					
					
						Published среда, мај 02, 2007 by 
Chkrap! | E-mail this post 
   
   
   
     
     
     
     
   
   
   
				 
	
				
				
Трета награда за документарниот филм “Тајната“Во Центарот за култура во Куманово на 28 април 2007 се одржа 36. Државен фестивал на непрофесионален филм
Од пристигнатите 35 филмови на Фестивалот, жирито избра 19 наслови во официјалната конкуренција.

Оваа година Гран при на Фестивалот освои филмот "Крв" на авторот Петре Чаповски од Академски киноклуб од Скопје.
Од примените филмови жирито ја формира и македонската селекција што ќе учествува на годинешниот Светски фестивал на непрофесионален филм UNICA 2007 кој ќе се одржи во Братислава, Словачка.

Драги Неделчевски од Chkrap! во категоријата документарен филм ја доби третата награда за филмот “Тајната“.
Во “Тајната“, академскиот сликар и истражувач 
Александар Настески, открива една тајна со истражување на карпестата уметност и ги пренесува тие откритија на своите слики, поставувајќи прашања за тоа кои сме, од каде сме дошле и каде одиме...




                		
                 
	
			 
0 Responses to “Фестивал на непрофесионален филм - Куманово 2007”
Leave a Reply