Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА


E-mail this post



Remember me (?)



All personal information that you provide here will be governed by the Privacy Policy of Blogger.com. More...





Македонскиот центар за фотографија
Ве поканува на
ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА
Obscura vs. Digital

30 август – 5 септември 2007 во х. “Бренд“*, Охрид
Предавачи: Проф. Мр. Ѓорѓе Одановиќ (Србија), Роберт Јанкулоски (Македонија)

______________________________________

Летната школа се организира во соработка со Народна техника на Македонија и претставува дел од проектот Поинаков поглед кој е поддржан од Швајцарската програма за култура во Македонија

Во рамките на летната школа ќе бидат организирани две работилници кои ќе се спроведуваат паралелно. Едната група на учесници ќе работи со камера опскура (изработка на фотографии без фото апарат) а другата со дигитална камера. Двете работилници предвидуваат тематски предавања и практична работа (снимање, изработка и анализа на фотографии). Во рамките на школата ќе се организираат визуелни презентации од областа на фотографскиот медиум и заеднички дискусии за двете работни групи, кои ќе им овозможат на учесниците да ги согледаат сличностите и разликите меѓу традиционалната и дигиталната фотографија. Исто така ќе бидат организирани и студиски излети по околните места (Св. Наум, Галичица, Стариот дел на Охрид) на кои што учесниците ќе можат да фотографираат заедно со предавачите. На крајот ќе биде организирана изложба на фотографии од школата.

Партиципацијата за летната школа изнесува 7 500.00 денари. Во цената е вклучено: хотелско сместување (шест полни пансиони), тематска обука, фото материјали и опрема за работа (класична и дигитална лабораторија) како и транспортот за време на излетите. Трошоците за транспорт од местото на живеење до Охрид и обратно, не се вклучени во цената.

Регистрација (најдоцна до 27.08.2007) и подетални информации на тел. 071 309 994 и
(02) 3 238 357.


*Хотелот “Бренд“ се наоѓа во месноста Св. Стефан, на 5 км од центарот на Охрид, спроти
х. Гранит, на 50 метри од езерскиот брег.


фотографија © д.неделчевски * Chkrap!*2007


0 Responses to “ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА”

Leave a Reply

      Convert to boldConvert to italicConvert to link

 


За нас

Previous posts

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!