Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap








Со задоволство ви ја претставуваме првата државна изложба
на фотографии во организација на ФК Елема. Бројни се мотивите
за ваквиот чекор. Од една страна, се поголем е бројот на дигитални
изложби, цената за учество на нив од година во година расте
а квалитетот, за жал, кај најголем број од нив опаѓа, што доведува до
масовна девалвација на медиумот со кој креативно се изразуваме. 
Една причина зошто ја организираме оваа изложба е да дадеме
уште една можност на македонските автори и авторки да се претстават
на домашната сцена и тоа без големи издатоци. 

*** 

Исто така, сметаме дека на наша та фотографска сцена има простор 
и и требаат нови случувања, и фали раздвижување и динамика. 
Така, и на едно симболичко ниво и изложбата е посветена на темата движење. 
Изложбата е наречена меѓуклупска, по долги разговори на 
клупските состаноци на кои не е најден посоодветен назив, а овој реферира 
на бројните такви во осумдесеттите години на минатиот век кога авторската 
фотографија беше во полн процут.
Во секој случај, изложбата е отворена за сите државјани на Република Македонија.
Ги очекуваме вашите фотографии. 

Повеќе на овој линк.


Годишна изложба на фотографии на ФКК БИТОЛА 2013

0 comments



За релативно кратко време Фото Кино Клуб Битола стигна до својата втора клупска изложба. Учеството на нашите членови оваа година, на разни меѓународни и домашни изложби, со ревијален како и со натпреварувачки карактер, доведоа до голем број на примени како и наградени фотографии кои ќе се најдат на овогодинешната клупска изложба, на која учество земаат 30 автори. Со тоа самата изложба ќе добие еден посебен белег и ќе се постави на едно повисоко ниво, кое во иднина треба да прерасне во традиција. Секако дека не смее да се игнорира и допринесот на помладите членови на полето на фотографијата, кои со својот креативен израз допринесуваат за развојот на клубот, и за сигурно ја претставуваат неговата иднина.

Изложбата ќе се отвори во среда на 20.11.2013 во 19.00 часот во изложбениот салон „Магаза“, Битола.

Повелете!


*** 

Да. Изложбата беше отворена на 20.11.2013 година во убавата галерија „Магаза“. Еве неколку фотографии од отворањето и атмосферата од изложбата.









































© Chkrap! * 2013
 


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!