Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






Почитувани,

Ја имаме честа и задоволството да ве поканиме на изложбата фотографии од Фото клубот Марибор, Словенија, чие отварање ќе биде на 03. Мај 2012 во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија. На изложбата насловена “фотографи” ќе бидат претставени најдобрите остварувања на членовите од Фото клубот Марибор, еден од најстарите и највлијателните фото клубови во Словенија, а изложбата ќе ја отвори Амбасадорот на Р. Словенија г-динот Ален Брајан Бергант. Воедно ве известуваме дека Фото клубот Елема од Скопје на 04.мај.2012 ќе се претстави со фотографии од своите членови во Универзитетската библиотека во Марибор. Тоа е голема чест за Елема, во годината кога слави 50 години од своето постоење, да се претстави во европскиот град на културата за 2012 – Марибор. Ќе ни биде задоволство доколку со вашето присуство дадете поддршка на оваа културна размена и на нашите заложби за соработка со фото клубови надвор од Македонија и го најавите и медиумски го покриете овој настан. Изложбата е организирана од Фото клубот Елема, Скопје, во соработка со Словенечката амбасада во Скопје и со Кинотеката на Македонија, поддржана од Фото сојузот на Македонија.

Со почит, Фото Клуб Елема





Драги Фотографи/Фотографки, љубители на фотографксата уметност

Фото сојузот на Македонија има особена чест и задоволство да ВИ испрати покана за учество на јубилејното 50то издание на манифестацијата Денови на Македонската Фотографија (ДМФ) 2012.

Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во државава. Оваа година ќе се одржат по 50ти пат.

Во пропратните настани, покрај фото-работилницата, ФСМ ќе организира и изложба на фотографии на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, МФ ФСМ, во чест на одбележување на неговото капитално фотографско дело.

Организатор на изложбата и на фото работилница е Фото сојузот на Македонија.

Приредувач на Денови на македонската фотографија 2012 е град Kочани.

Отворање на изложбa е 16.06.2012 во 20ч, во Домот на култура.

Веруваме дека ќе се согласите дека е особена чест да се учествува на еден ваков јубилеј-празник за сите искрени љубители на фотографската уметностhttp://www.blogger.com/img/blank.gif а едновремено и голема одговорност за нас.

Затоа ги повикуваме сите автори/авторки државјани на Р. Македонија, да ги испратат своите дела на ДМФ 2012.



Пропозиции за учество тука.

© Chkrap!*2012


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!