Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Фотографии на Цветан Гавровски во Лесковац

0 comments



Во ликовниот салон на Културниот центар во Лесковац, Србија, во почетокот на месецов е отворена изложба на арт-фотографии на македонскиот фотограф Цветан Гавровски. Авторот се претставува со педесет фотографии во голем формат од својот циклус создаван во периодот од 2009 до 2012 година. (© Утрински Весник)

Честитки до Цветан Гавровски од Фотогрупата “Чкрап!“
© Chkrap!*2012





Место: Македонски центар за фотографија
Времетраење: 16 – 27. февруари 2012
Обучувач: Роберт Јанкулоски
Цена: 4800 денари (во цената се вклучени 20 работни часа)
Рок за пријавување: 15. февруари 2012
Контакт: Лидија Пајевиќ, 071 309 993

Краток опис на курсот
Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на дигиталната фотографија преку обработка на следниве содржини: појава на дигиталната фотографија; дигитални фото камери, мемориски картички, сензор и објектив; креативна употреба на експозицијата; боја и температура на боја; формати на эапис: RAW, TIFF, JPEG. Курсот опфаќа предавања, демонстрации и практични вежби преку кои учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за изработка на дигитални фотографии. На крајот од курсот ќе се одржи презентација на најуспешните фотографии.

Кратка биографија за обучувачот
Доц. м-р. Роберт Јанкулоски (роден 1969) е основач на Македонскиот центар за фотографија. Предава фотографија на катедрата по фотографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје. Има одржано 23 самостојни изложби во Македонија, Франција, Бугарија, Австрија, Србија, Германија, Турција и Унгарија. Учествувал на многу групни изложби вклучувајќи ги Манифеста 1 – Европско биенале на современи уметности во Ротердам, 1996, Context Europe (Импулс од Балкан) во Виена 2002. Добитник е на повеќе награди за фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА
16. 02. 2012 (четврток) 18:00 – 22:00
Теоретски дел. Појава и развој на дигиталната фотографија. Сличности и разлики меѓу класичната и дигиталната фотографија. Најзначајни имиња во фотографијата. Основни елементи на дигиталните фото камери. Објективи, поделба и карактеристики. Креативна употреба на објективите. Предавањето е пропратено со визуелна презентација и демонстрации.

17. 02. 2012 (петок) 18:00 – 22:00
Теоретски дел. Основи на светло и композиција. Креативна употреба на светло и експозиција. Начини на одредување експозиција. Боја и температура на боја. Формати на запис: RAW, TIFF, JPEG. Предавањето е пропратено со визуелна презентација и демонстрации.

Во периодот од 18-21 февруари 2012 слушателите фотографираат самостојно или во група врз основа на насоките од обучувачот.

22.02.2012 (среда) 18:00 – 22:00
Практичен дел. Анализа на фотографии и обработка на снимениот материјал во Photoshop.

23.02.2012 (четврток) 18:00 – 22:00
Практичен дел. Анализа на фотографии и обработка на снимениот материјал во Photoshop.

Во периодот од 24-26 февруари 2012 слушателите повторно сами фотографираат доколку, врз основа на предходната анализата, оценат дека имаат потреба од нов материјал.

27.02.2012 (понеделник) 18:00 – 22:00
Практичен дел. Избор на најдобри фотографии за изложбата. Дигитална обработка на фотографиите. Припрема на фотографиите за печатење.
___________________________________________________________

Македонски центар за фотографија
ул. Железничка 18 (Мала станица)
Тел. 071 309993
e-mail. makcentarfoto@gmail.com


Благоја Дрнков, 1914-2012

0 comments



Доајенот и ненадминатиот мајстор на фотографијата во Македонија, Благоја Дрнков почина вчера на 98 годишна возраст во родниот град Скопје.
Благоја Дрнков замина во историјата но неговото дело за секогаш ја збогати македонската фотографија... Слава му.

Повеќе за ова тука

















01.02.2012 © Chkrap!


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!